Спирулина за зголемување на енергијата во зимските денови

Спирулина за зголемување на енергијата во зимските денови

Да, баш така! Ако имате намалена енергија за време зимските денови, а многу работни задачи, време е да ја вклучите спирулината во исхраната. Таа помага за зголемување на енергијата и е супер „бустер“ кој ќе ги подобри вашата виталност и сила. Висока хралива и речиси целосно искористлива за телото, спирулината е совршен природен партнер кој помага за одржување на нивото на енергија во текот на есента и зимата. 

За време на зимските месеци, нашата енергија и живост се намалуваат, а причина за тоа се пократките денови, подолгите ноќи и ладното време кои нѐ прават да „хибернираме“ и да забавиме со дневните активности. 

Спирулина за зголемување на енергијата во зимските денови

Но, оваа година можеш да ги преземеш работите во свои раце и да го победиш зимскиот замор со помош на спирулината – природна најбогата храна која содржи комплетни протеини и цел спектар на антиоксиданси. Спирулината го поддржува кардиоваскуларното здравје, го намалува холестеролот и го зајакнува имуниот систем. Содржи 10 пати повеќе железо од спанаќот и помага во превенција на анемија и замор. Таа дава енергија, претставува високо алкална храна која помага при детоксикација. 

Може да те интересира: Зимско смути со спирулина со загревачки ефект.

Спирулината е идеална и за спортисти

Спирулината е идеална храна за спортисти. Високата содржина на протеини и апсорбливост ја прават омилена намирница која обезбедува енергија за вежбање. Ги содржи сите значајни аминокиселини и протеини и помага за обновување на мускулите и опоравување после напорен тренинг.

Зошто нутриционистите препорачуваат Hawaiian Spirulina – хавајска спирулина?

Нутриционистите ја препорачуваат спирулината, а ја користат и познатите личности. Но, не мора да си познат за да ги искористиш нејзините придобивки. Голем број на лица, наставници, фитнес ентузијасти, зафатени мајки, програмери ни имаат кажано дека спирулината им има помогнато за одржување на добро здравје, силен имунитет и енергија. Спирулината се нарекува супер храна, помага за зголемување на енергијата и е корисна затоа што:

  • е најдобар природен извор на биолошко железо и селен
  • има 35 пати поголема концентрација на бета каротен од морковот
  • има 3 пати повеќе витамин Е отколку пченичните ‘ркулци
  • има 65% лесно сварлив комплетен протеин со сите есенцијални аминокиселини во совршена рамнотежа
  • содржи витамини од групата Б, особено Б-12, Б-1 (тиамин) и Б-3 (ниацин)
  • е најбогат извор на гама линоленска киселина во природен облик, која ја нема во традиционалната исхрана
  • содржи 10 пати повеќе калциум од млекото
  • нема маснотии.

Како се консумира хавајската спирулина?

Хавајската спирулина – Hawaiian Spirulina е достапна во таблети и прав. Таблетите може да ги земете со или после оброк со чаша вода. Дневно се препорачуваат максимално 6 таблети. Или може да консумирате спирулина во прав – една мала лажичка на ден е идеална за одржување на здравјето. Спирулината може да ја додадете во смути или да ја измешате со овошен сок, а добро одговара со цитрусни и слатки сокови. 

Спирулина за зголемување на енергијата во зимските денови

Како може да набавите хавајска спирулина?

Hawaiian Spirulina ја има во сите поголеми аптеки низ земјата и различни пакувања од 100 таблети, 200 таблети и 400 таблети од 500 мг или во форма на прав. Исто така, може да ја набавите и онлајн преку продавницата на Тримекс или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000. За подетални информации кликнете на следниов линк, а за дополнителни прашања пишете ни на sezahrana.mk и ние ќе ја консултираме Д-р Нела Деспотовска, па одговорот ќе го проследиме со вас.

Ви препорачуваме да прочитате: Спирулината е супер храна за опоравување при и пост-Ковид  – ја зајакнува крвта и го намалува заморот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: