Спирулината е супер храна за опоравување при и пост-Ковид  – ја зајакнува крвта и го намалува заморот

Спирулината е супер храна за опоравување при и пост-Ковид  – ја зајакнува крвта и го намалува заморот

Се нарекува супер храна за опоравување при и пост-Ковид и тоа со право! Оние што ја користат спирулината во исхраната знаат за нејзините придобивки: ја зајакнува крвта, го намалува заморот, ја зголемува енергија, го зајакнува имунитетот, помага при проблеми со варење на храната, го подмладува организмот и го успорува процесот на стареење… и не само тоа! Ако сте имале или сте прележале Ковид и сѐ уште не се чувствувате енергично, имате проблеми со слабо железо, ви препорачуваме да ја вклучите спирулината во исхрана. Еве зошто:

Што е спирулина?

Спирулината е вид на сино зелена алга која расте во морињата и океаните. Богата е со витамини и други важни хранливи состојки. Токму тие нутриенти ја прават спирулината позната ширум светот. Претставува комплетен протеин, што значи дека ги содржи сите есенцијални аминокиселини. Ретко кој знае дека спирулината содржи повеќе бета каротен од морковот.

Спирулината е супер храна за опоравување при и пост-Ковид

Спирулината е богат извор на железо и  помага за зајакнување на крвта

Една од позначајните причини за појавата на анемија е дефицитот на железо. Кај многу лица кои се позитивни на Ковид доаѓа до промена на крвната слика која често се манифестира со ниско ниво на железо во серумот и намален хемоглобин.

При дефицит на железо, во крвта има ниско ниво на хемоглобин – протеин кој го транспортира кислородот низ целото тело. Како резултат на тоа се јавува недостаток на енергија, проблеми со спиењето и потешкотии при извршувањето на секојдневните физички активности. Со многу висока содржина на железо, дури 23 пати повеќе од спанаќот и витамини од Б комплексот, како и придобивките од моќниот хлорофил, хавајската спирулина – Hawaiian Spirulina е од огромна помош при анемија. Нејзиниот состав е всушност многу сличен со оној на нашиот хемоглобин. Ако ја консумирате редовно ќе забележите промена на енергетското ниво по 1-3 недели.

Ја поттикнува детоксикацијата што е од особена важност после прележувањето на Ковид-19

Детоксикација е од клучна важност по прележувањето на Ковид. Правилниот избор на храната, редовната физичка активност и намалување на стресот се дел од секојдневната рутина која треба да се примени при детоксикација. Спирулината има детоксикациски својства. Го поттикнува елиминирањето на токсини и други штетни материи од крвта. Има силно антивоспалително дејство поради кое е добра за превенција на хронични воспалителни болести. Спирулината претставува одличен извор на антиоксиданси. Антиоксидансите ги уништуваат слободните радикали и ги регенерираат клетките во телото. Помага и во намалување на нивото на стрес хормонот кој го зголемува ризикот од низа болести.

Зошто нутриционистите препорачуваат Hawaiian Spirulina при и после Ковид?

Спирулината се нарекува супер храна и корисна при и после Ковид затоа што:

  • е најдобар природен извор на биолошко железо и селен
  • има 35 пати поголема концентрација на бета каротен од морковот
  • има 3 пати повеќе витамин Е отколку пченичните ‘ркулци
  • има 65% лесно сварлив комплетен протеин со сите есенцијални аминокиселини во совршена рамнотежа
  • содржи витамини од групата Б, особено Б-12, Б-1 (тиамин) и Б-3 (ниацин)
  • е најбогат извор на гама линоленска киселина во природен облик, која ја нема во традиционалната исхрана
  • содржи 10 пати повеќе калциум од млекото
  • нема маснотии.
хавајска спирулина

Hawaiian Spirulina ја има во сите поголеми аптеки во Македонија и тоа во пакувања со различни големини, од 100 таблети, 200 таблети и 400 таблети од 500 мг или во форма на прав. Mоже да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс и да нарачате директно на вашата адреса или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000. За подетални информации кликнете на следниов линк, а за дополнителни прашања пишете ни на sezahrana.mk и ние ќе ја консултираме Д-р Нела Деспотовска, па одговорот ќе го проследиме со вас.

Спирулината во прав може да се користи во смути, здрави колачи и грицки, преливи…

Еден од најлесните начини да употребите спирулина во прав e да ја додадете во смути или свежо цеден сок. Доколку ви треба вкусен и проверен рецепт за смути со спирулина, погледнете некој од следниве рецепти:

Ви препорачуваме да прочитате: 6 совети за побрзо опоравување после корона вирус.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: