опоравување од корона вирус 1

6 совети за побрзо опоравување после корона вирус

Во фазата на опоравување после инфекција со корона вирус, важно е да се води здрав животен стил и да се обрнува внимание на сите сигнали кои ги дава телото, а може да бидат алармирачки. Затоа е важно да знаете, какви мерки може да преземете за побрзо опоравување после корона вирус. Еве што издвоивме за вас од нашето истражување.

По прележувањето на ковид 19, најголемиот дел од пациентите создаваат антитела кои спречуваат реинфекција со вирусот за одреден период. Сепак, времетраењето на имунитетот е сѐ уште непозната територија за научниците низ целиот свет. Забележани се случаи на повторно заразување со вирусот кај лица кои веќе еднаш биле инфицирани. Се смета дека тоа може да настане најчесто кај стари лица и кај лица кои не презеле доволно превентивни мерки за заштита на имунитетот, како и оние кои не обрнуваат внимание на пост – ковид нега на здравјето. Освен основните правила носење на маска, редовно миење на рацете и социјална дистанца, добро е да знаете и други совети за заштита на здравјето на долг рок.

Може да ве интересира: Совети за добро ментално здравје во време на пандемија.

опоравување од корона вирус 2

Редовна физичка активност, но без агресивно враќање кон спортот

Вежбањето и физичката активност може да бидат проблем кај некои лица кои се опоравуваат од оваа инфекција. Тогаш телото е послабо и потребно му е време да се врати во нормала. Затоа се препорачува да се започне со лесна физичка активност и лесни вежби, а интензитетот да се зголемува постепено со закрепнувањето на организмот.

Редовна, разновидна, здрава и нутритивно богата исхрана

Уште еден важен дел во процесот на закрепнување е храната. Истата треба да биде богата со витамини и минерали. Корона вирусот предизвикува стрес, а и лековите кои е потребно да се земаат дополнително го ослабуваат организмот. Хранете се редовно, со посебен режим кој вклучува здрава храна во што поголем обем. Консумирајте што повеќе овошје, зеленчук, јајца, живинско месо, целозрнести житарици. Правилно гответе ја храната и обидете се што повеќе да јадете домашно приготвени јадења. Имајте на ум дека вашето тело споро се враќа во нормала. Внимавајте да не претерувате со количинско јадење одеднаш.

Работете на меморијата

Познато е дека вирусот може да ги оштети мозочните клетки и да го намали помнењето. Со цел да ја повратите изгубената концентрација, когнитивните и спобностите за помнење, вложете време во себе си. Решавајте загатки, судоку, крстозбори, редете сложувалки, игри со помнење и други активности кои бараат повеќе размислување.

Имајте трпение

Не брзајте да се вратите во нормалната рутина која сте ја имале пред корона вирусот. Дадете си време за постепено преминување во секојдневните обврски и активности. На организмот му е тешко да се врати во нормала, па затоа не форсирајте се. Сепак, штотуку сте се избориле со болест која го напаѓа имунитетот.

Обрнете внимание на алармирачки сигнали

Без разлика дали станува збор за главоболка или замор, важно е да се фокусирате на сите забележителни знаци дека вашето тело реагира на пост – ковид состојбата. Бидете во постојан контакт со матичниот лекар и известувајте го за сите проблеми при заздравувањето.

Корисни линкови за едукација и помош кои можеме да ви ги препорачаме се следните:

А што може да се направи за да му помогнеме на организмот да го одржи и засили својот имунитет?

За посилен имунитет и побрзо опоравување од корона вирусот, покрај исхраната и примената на гореспоменатите совети, потребен е зголемен внес на некои хранливи материи во вид на додатоци на исхраната. Еве што можеме да ви препорачаме во таа насока:

  • AlphaSorb-C. AlphaSorb-C е уникатна и патентирана некиселинска форма на витаминот Ц која содржи некиселински минерални аскробати и природни состојки кои овозможуваат подобро апсорбирање во крвта и клетките отколку нормалната аскробинска киселина. Поради неутралната pH вредност на AlphaSorb-C, погоден е за луѓето кои имаат чувствителен желудник. Во својот состав, NOW® AlphaSorb-C® содржи алфа липоична киселина.
  • Витамин Д-3. Д витаминот во најголема мера го добиваме од сонцето, а само мал дел се обезбедува преку исхраната. За надополнување на недостатокот на витамин Д, ви го препорачуваме NOW® Vitamin D-3.
  • Omega-3. Омега 3 масните киселини се важен дел од додатоците за јакнење на имунитетот бидејќи се есенцијални. Човечкиот организам не може сам да ги синтетизира и затоа се внесуваат со исхранат. А, понекогаш е потребно да се земаат и како додаток за подобрување на здравјето. Концентратот од природно рибино масло на NOW е произведен под сторги стандарди за контола на квалитетот. Тестиран е дека не содржи штетни нивоа на загадувачи.
витамин Ц и Д-3

Сите споменати додатоци на исхраната може да ги нарачате од онлајн продавницата на Тримекс. Доставата е бесплатна. Истите може да ги набавите и од подобро снабдените аптеки. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нивниот e-mail: info@trimeks.com.mk

Ви препорачуваме да прочитате: Посилен имунитет во време на корона вирус – практични совети и исхрана.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: