3 проверени рецепти за најубавите празнични колачиња

3 проверени рецепти за најубавите празнични колачиња

Време е на празници и раскошни трпези! Сигурно веќе го имате испланирано вашето празнично мени, но сѐ уште има време да ги изненадите вашите најблиски со вкусен и декоративен десерт. Ви издвојуваме 3 проверени рецепти за најубавите празнични колачиња кои ќе им се допаднат на сите.

Може да ве интересира и: Новогодишни капи – колачи.

Празнични колачиња со цимет

Празнични колачиња со цимет

Ниту една трпеза неможе да помине без вкусни колачиња на кои најмногу им се радуваат децата. Оваа година израдувајте ги најмалите во семејството и направете празнични колачиња со цимет во форми и големини по ваша желба. Соберете го семејството и уживајте во празничната атмосфера.

Состојки:

  • 150 г путер на собна температура
  • 60 г шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 лажички цимет
  • 1 цело јајце
  • 1 белка
  • 300 г брашно
  • 1/2 мала лажица прашок за пециво.

За премачкување:

  • 1 жолчка
  • 1 лажичка млеко
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1 лажица кафеав шеќер.

Подготовката на овие празнични колачиња прочитајте ја тука.

Рецепт за најубавите Божиќни колачи

Рецепт за најубавите Божиќни колачи

Празниците се одлична можност да експериментирате во кујната и да ги подготвите омилените јадења. Разубавете ја вашата трпеза и послужете ги вашите најблиски со најубавите Божиќни колачи кои се топат во уста. Посакајте им добро здравје, успех и среќа во Новата година!

Состојки:

  • 250 г брашно
  • 75 г шеќер
  • 150 г путер
  • 80 г мелени бадеми
  • 1 јајце
  • прстофат сол
  • 50 г мармалад од кајсии (или вкус по избор)
  • 1 лажичка рум.

За наросување:

  • шеќер во прав

Подготовката на Божиќните колачи прочитајте ја тука.

Дански путер колачиња

Дански путер колачиња

Се подготвуваат лесно и брзо, а одлично одат во комбинација со млеко, шолја чај или топло чоколадо. Па, можеби токму овие колачиња ќе станат традиција и во вашето семејство!

Состојки:

  • 200 г брашно
  • 120 г путер
  • 80–100 г шеќер во прав
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • малку прашок за печиво
  • 1 јајце.

За декорација:

  • бело чоколадо за готвење
  • црно чоколадо за готвење.

Подготовката на данските колачиња прочитајте ја тука.

Ви препорачуваме да прочитате: Суви празнични колачи со лешници и цимет.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: