риба за слави

3 рецепти за подготовка на риба за слава

Славите се дел од нашата традиција и речиси секој дом има своја куќна слава. Иако оваа година  поголем дел од нас ќе прослават со семејството, сепак трпезата ќе биде богата. Оваа година направете мала промена и изберете еден од нашите 3 рецепти за подготовка на риба за слава.

Направете панирани филети од ослиќ, печена скуша во фолија или испечете риба на брз начин. Потребните состојки и подготовка прочитајте ги во рецептите кои следуваат.

риба за слава

Печена скуша во фолија

Уште еден супер рецепт за подготовка на печена риба. Направете печена скуша во фолија и послужете ја како дел од славската трпеза.

Состојки:

  • 4-6 скуши (во зависност од бројот на гости)
  • сол и мешан зачин по вкус
  • ситно сечкан лук
  • сечкан магдонос
  • маслиново масло.

Подготовка:

  1. Скушата измијте ја, посолете ја и зачинете ја со зачини по вкус. Врз рибата нанесете ситно сечкан лук и магдонос. Попрскајте ја со маслиново масло.
  2. Секое парче риба ставете го во фолија и печете го во загреана рерна на 180 степени за време од 40 минути.
  3. Кон крајот отворете ја фолија и оставете ја скушата малку да се испече од горната страна.

Паниран ослиќ

Кој може да одолее на мека и сочна риба со крцкава и вкусна кора? – Убава за изглед и добредојдена за сечија славска трапеза.

Состојки:

  • 1 кг ослиќ
  • 50 г пченкарно брашно
  • 50 г брашно
  • 1 лажица црвена пипер
  • сол и црн пипер по вкус
  • масло за пржење по потреба.

Подготовка:

  1. Рибите исчистете ги од коските и формирајте филети. Измијте ги, исушете ги со кујнска крпа или хартија и зачинете ги со сол и црн пипер. Исечете ги на две до три парчиња.
  2. Во сад измешајте ги пченкарното брашно, брашното, црвената пипер и малку сол. Филетите од риба ставете ги во смесата од брашно и убаво нанесете од сите страни.
  3. Во тава ставете масло да се загрее. Во загреаното масло пржете ги филетите од двете страни додека поруменат. Пржените филети извадете ги врз кујнска хартија за да се впие вишокот на масло.

Брз рецепт за печење на замрзната риба

Ова е еден од омилените рецепти за подготовка на риба. Едноставен е и вреди да го направите за слава или за ручек во било кој ден од неделата.

Состојки:

  • 4 парчиња замрзната риба по ваш избор (ослиќ, скуша, пастрмка, панга…)
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол и црн пипер по вкус
  • зачини за риба по желба.

Подготовката прочитајте ја на линкот: Брз рецепт за печење на замрзната риба.

Ви препорачуваме да прочитате: Посни стапчиња од ослиќ.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: