Непријатните мириси во кујната повеќе нема да ви пречат. Ви откриваме што да направите самите дома за да се справите со нив. Станува збор за неколку едноставни и евтини решенија. Погледнете ги и секако пробајте ги кога ќе имате потреба.
Може да ве интересира: Брзо елиминирајте ги непријатните мириси во кујната.

Решение број 1 – Ако се задржал мирисот од синоќешната вечера:
Во сад со врела вода ставете кора од портокал и малку цимет и оставете да врие неколку минути. Изгаснете го огнот и оставете го садот на шпоретот. На тој начин пријатниот мирис ќе се рашири низ целата кујна и ќе го неутрализира непријатниот.
Решение број 2 – Ако причината за непријатниот мирис е фрижидерот:
Прво, пробајте да го најдете причинителот на непријатниот мирис и отстранете ја таа намирница. Ако мирисот останал и после тоа, во сад ставете сода бикарбона и оставете го да стои во фрижидерот 24 часа. Ако станува збор за посилни мириси, тогаш во садот ставете сода и зрна кафе и оставете го садот да стои барем неколку дена. Против киселкасти мириси, најдобро делува дрвен јаглен. Во случај да го употребувате, исто така ставете го во чинија и оставете го да стои неколку дена.
Решение број 3 – Ако кујната мириса на чад од готвење или цигари:
Во плиток сад турете киселина и оставете ја да стои отворена неколку часа за да ги впие мирисите.
Ви препорачуваме да прочитате: Отстранете го непријатниот мирис на пластичните садови.