салфетки во форма на срце

3 начини за виткање на салфетки во форма на срце

Салфетките се неизбежен дел на секоја трпеза. Па така, со правењето на салфетки во различен облик ќе добиете занимлива декорација за трпезата, а со тоа ќе ги изненадите и гостите. Без разлика што и да прославувате, свадба, роденден, веридба, Св. Валентин или сакате да го изненадите партнерот со вечера која вие сте ја приготвиле, црвените салфетки во форма на срце се мошне добар избор.

Изберете еден од трите начини за виткање на салфетки во форма на срце. Начинот за виткање е лесен, а со гледање на видеото и следење на инструкциите сигурни сме дека секој може да успее.

Салфетки во форма на срце – начин 1

Салфетката превиткајте ја на половина. Потоа вратете ја во првобитната положба. Двата краеви на салфетката свиткајте ги кон средината.

Повторно салфетката свиткајте ја на половина. Двата краеви свиткајте ги кон средината на салфетката, така што во долниот дел треба да добиете изглед на триаголник. Внатрешните краеви на салфетка, малку свиткајте ги и поставете ги во внатрешноста на триаголникот.

Салфетката свртете ја од другата страна. Горните странични краеви свиткајте ги кон долниот дел, така што треба да добиете форма на срце.

Салфетки во форма на срце – начин 2

Салфетката отворете ја и превиткајте ја на половина, така што треба да добиете триаголник. Почнувајќи од најголемата страна на триаголникот превиткувајте исто како да правите лепеза. Лепезата придржете ја со прстот во средината, а краевите насочете ги кон горната страна. Потоа, салфетката ставете ја во чинија. Горните странични краеви свиткајте ги кон долниот дел, така што треба да добиете форма на срце.  Во средина на срцето може да поставите цвет или друг украс.

Салфетки во форма на срце – начин 3

Салфетката отворете ја и превиткајте ја на половина, така што треба да добиете триаголник. Краевите на триаголникот свиткајте ги кон средината, така што треба да добиете квадрат. Салфетката свртете ја од другата страна. Повлечете половина од горниот дел и свиткајте го во средината. Потоа горните краеви свиткајте ги кон внатрешноста така што треба да добите два мали триаголници.

Салфетката свртете ја од другата страна. Горните и страничните краеви малку свиткајте ги, така што ќе добите совршена форма на срце.

Лесно е нели?

Ви предлагаме да прочитате: Декорација на салфетки во форма на цвет.

Сподели: