Чоколадна слатка погача 0

Чоколадна слатка погача – за вселување и други убави пригоди

„Вселувањето е пригода при која обичај е во домот да има погача, па ви приготвив нешто специјално во мојата кујна –  чоколадна слатка погача која ќе ги освои домашните и гостите, сите кои ќе ја пробаат! И не само за тоа, за разни прослави, свечености и радосни моменти, ве охрабрувам да ја пробате, сигурна сум дека ќе си го запишете рецептот!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим, која ja направи прекрасната чоколадна погача.

салфетки во форма на срце

3 начини за виткање на салфетки во форма на срце

Салфетките се неизбежен дел на секоја трпеза. Па така, со правењето на салфетки во различен облик ќе добиете занимлива декорација за трпезата, а со тоа ќе ги изненадите и гостите. Без разлика што и да прославувате, свадба, роденден, веридба, Св. Валентин или сакате да го изненадите партнерот со вечера која вие сте ја приготвиле, црвените салфетки во форма на срце се мошне добар избор.

Еднодневна посета на Галичка свадба, Галичник и Јанче

Заедно да ја истражиме македонската традиција и култура! Галичката свадба e манифестација која се одржува секоја година околу празникот Петровден (12 јули) во мијачкиот центар Галичник на планината Бистра. Богата е со многу единствени свадбарски обичаи и ритуали. Во деновите на свадбата, пиштат зурлите и ечат тапаните на тешкото, со сиот подземен и надземен екот кон каменот на Бистра и небесниот свод.