3 рецепти за домашна паста за чистење на рацете

Ви претставуваме 3 рецепти за делотворна и природна паста за чистење на рацете. Оваа паста особено ќе им биде од корист на автомеханичарите, за лицата кои имаат градини или се занимаваат со земјоделство, како и за другите работници кои мака мачат со мрсни и валкани дланки.

Паста за чистење на рацете може секој да купи, но обично содржат штетни и тешки хемикалии и ги сушат рацете. А домашната паста може лесно и едноставно да се направи, а некои состојки можеби ги имате во домот.

паста за чистење на рацете

Наједноставна паста со овесни снегулки и млеко

Нечистотиите на рацете по поправањето на автомобилот или работата во дворот може да ги отстраните со наједноставна паста, односно може да го искористите појадокот. Измешајте овесни снегулки со малку млеко и со таа смеса добро истријте ги рацете. Нечистотијата лесно ќе се отстрани, а вашите раце ќе бидат меки и хидратизирани. Оваа паста делува и како нежен пилинг и го спречува пукањето на кожата.

Паста за чистење на рацете со сол и масло

Уште еден рецепт за едноставна паста. Предност на оваа паста е што може да ја направите и да ја чувате во стаклен сад или тегла и да ја користите по потреба. Измешајте половина чаша морска сол, ¼ чаша растително масло (се препорачува маслиново или ладно цедено сончогледово масло) и 2 мали лажички екстракт од портокал. Пастата нанесете ја врз влажни раце, добро истријте ги и измијте ги рацете.

Мирисна паста

Состојки кои ви се потребни за оваа паста се: маслиново масло, шеќер (или крупна морска сол), прстофат сушени лековити билки како лаванда, нане, рузмарин, сува или свежа изрендана кора од лимон или портокал и малку мед.

Состојките измешајте ги произволно. Доколку пастата биде премногу течна додајте уште малку шеќер, а ако е прегуста разредете ја со масло и мед. Грубите состојки делуваат како пилинг, а маслиновото масло и медот ја негуваат кожата и ја прават мека. Останатите состојки може да ги додадете по желба. Цитрусите помагаат за отстранување на нечистотиите, па пожелно е да ги додадете во пастата.

Пастата ставете ја во тегла, покрај чешмата или во бањата. Користете ја по потреба.

Ви предлагаме да прочитате: Направете сами гел за дезинфекција и суво „миење“ на рацете.

Сподели: