3 трикови со кои може да го омекнете тврдиот сув леб

Доколку имате неколку векни стар леб кој веќе се исушил, постојат неколку начини на кои може да го освежите и омекните. Па, нареден пат кога ќе ви преостане сув леб, наместо да правите лебни трошки, погледнете ги нашиве идеи.

Ако на лебот има зелени дамки и мувла, најубаво е веднаш да го фрлите. Но, ако лебот е само сув и стврднат затоа што по грешка сте го заборавиле на маса надвор од заштитната ќесичка или кутијата за леб, тогаш овие трикови ќе ви бидат од вистинска корист.

омекнување на сув леб

Омекнете го стариот леб со помош на водена пареа

Лебот ставете го во решеткаст сад над пареа и поклопете го. Најдобро е претходно да го исечете на парчиња. Доколку лебот е премногу сув и се распаѓа, сечењето може да си го олесните ако ножот претходно го загреете над пламен или загреана рингла.

Омекнете го сувиот леб така што ќе го премачкате со млеко

Со помош на кујнска четка премачкајте го лебот со млеко, па ставете го во загреана рерна на 135 степени околу 10-15 минути. Млекото од внатре ќе го омекни лебот, а благодарение на топлината од рерната ќе добие повторно мека и крцкава кора речиси како на свежо печен леб.

Загревајте го лебот во хартиена ќесичка

Лебот, разните печива, земичките и кифличките може многу брзо и лесно да ги омекнете со помош на хартиена ќеса. Прво загрејте ја рерната на 165 степени, ставете го стариот и тврд леб во ќесата, па подвиткајте го отворот. Попрскајте ја ќесичката со ладна вода. На тој начин површината на лебот ќе биде малку влажна, но не и внатрешноста. Загрејте го лебот во рерната. Во меѓувреме неколку пати попрскајте го со вода додека во целост омекне. Доколку лебот е исечен на парчиња или пак сакате да омекнете кифли, ќе ви бидат потребни околу 5 минути, а доколку е цела векна, тогаш постапката трае околу 20 минути. На крај, извадете го лебот од ќесата со помош на ракавица.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашна супа со кнедли од стар леб

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: