4 лесни совети за успешна детоксикација

Многумина сметаат дека чистењето на организмот од токсините е процес на изгладнување, но ве уверуваме дека тоа не е така. Тоа е шанса да јадете здрава, непреработена храна, да уживате во природните намирници и на тој начин да го вратите телото во рамнотежа. Следете ги овие 4 совети и направете успешна детоксикација на органинизмот.

Ако имате голема желба за консумација на храна која е богата со шеќер, сол, скроб, а исто така имате главоболки и често го менувате расположението, можеби време е да направите детоксикација на телото.
успешна детоксикација

Намалете го внесот на сол

Прв чекор за успешна детоксикација е намалување на внесот на сол. Натриумот ги задржува течностите, кои го заземаат просторот помеѓу клетките и оневозможуваат нормална циркулација. Поради тоа, пожелно е да избегнувате претерано солена храна.

Јадете повеќе овошје и зеленчук

Овошјето и зеленчукот се богати со влакна, вода и калиум, па поради тоа, ка стимулираат диурезата и го детоксицираат организмот. Овие намирници се богати со витамини и други активни состојки, како што се антоцијаните кои ги зајакнуваат крвните садови и ја подобруваат циркулацијата. Доколку овошјето и зеленчукот ви создаваат чувство на подуеност, можете да пиете свежо исцедени и кашести сокови.

Изберете полесни јадења и производи

Целулитот претставува резултат на таложење на отпадните честички во ткивата, па потребно е истите да бидат излачени надвор од организмот. За да се забрза тој процес, треба да се внесува храна која не го оптоварува дигестивниот систем, а изобилува со растителни влакна, витамини и минерали. Во процесот на детоксикација се препорачува свежа или малку термични обработена храна.

Пијте вода

Со внесување на големи количини на течности се поттикнува работата на бубрезите и се забрзува диурезата. За таквиот позитивен ефект, треба да се внесуваат најмалку 2 литри вода на ден. Водата може да се замени и со чаеви, меѓутоа без додавање на шеќер.

Ви препорачуваме да прочитате: Кое годишно време е најдобро за детоксикација на организмот?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: