probiotici so vitamini i minerali 1

4 намирници богати со пробиотици, витамини и минерали

Пробиотиците се корисни за човечкиот организам поради многу причини. Тие ја подобруваат дигестијата на храната, ја прават кожата чиста и блескава, даваат енергија и го зајакнуваат имунолошкиот систем. И што е најважно, има многу природни намирници кои се богати со пробиотици, покрај нив изобилуваат и со витамини и минерали.

Иако, понекогаш ни се чини дека треба да консумираме голема количина на јогурт или да испиеме една рака пробиотски суплементи за да ги задоволиме дневните потреби за пробиотици, тоа не е баш така. Често пати, со правилен начин на исхрана може да се задоволат потребите за пробиотици на организмот во денот, а за истите да се задоволени целокупно постојат додатоци во исхраната кои и тоа како помагаат. Во продолжение дознајте кои намирници се најдобар природен извор на пробиотски култури и кои проверени суплементи ги препорачуваме за периодов.

Може да ве интересира: 6 факти кои можеби не сте ги знаелe за пробиотиците.

probiotici so vitamini i minerali 2

Намирници богати со пробиотици

Кисела зелка

Киселата зелка го зголемува имунитетот, ја подобрува работата на имунолошкиот систем и го намалува стресот. Таа е нискокалорична и многу хранлива. Претставува одличен спој на витамините А, Б, Ц, Е и К, како и минералите манган, селен, калциум, калиум и магнезиум, омега 3 масни киселини и лековити сулфурни соединенија (сулфорафан) кои штитат од канцер на дојка.

Кисели краставички

Станува збор за уште еден ферментиран производ кој содржи пробиотици. Може да ги јадете секој ден, само бидете внимателни бидејќи содржат и голема количина на натриум.

Јаболкова киселина

Јаболковата киселина е проверено добар пробиотик. Само треба да внимавате на количината која ја консумирате, бидејќи сепак станува збор за киселина, па не треба да се претера со нејзината употреба. Најдобро е да ја комбинирате со некои други намирници како што е зелената салата.

Кефир

Доколку сте голем љубител на јогурт, а сакате промени во начинот на исхрана, тогаш време е во вашата исхрана да го воведете кефирот. Подеднакво е вкусен како класичниот јогурт, а е одличен за здравјето. Покрај тоа што изобилува со корисни пробиотски култури, содржи и протеини, па може да го додавате во вашето утринско смути. Кефирот содржи и аминокиселини, липиди и растворливи полисахариди. Но, најважно е тоа што содржи симбиоза меѓу огромниот број на добри млечно киселински бактерии и квасци кои се одлични за целокупното човеково здравје.

Проверени суплементи богати со пробиотици и корисни состојки кои го подобруваат варењето на храната

Ако забележите потешкотии со варењето на храната, што посебно е логично и нормално после подолгиот празничен период, во исхраната вклучете додатоци. Од наше искуство ги препорачуваме пробиотичките суплементи и додатоци во исхраната од Now Foods кои можат да помогнат за подобро варење на храната. Повеќе научни истражувања посочуваат дека пробиотиците се корисни и добри за организмот и дека помагаат за подобра дигестија и метаболизам, па еве кои ги издвоивме.

Bromelain од Now Foods

Во консултација со Д-р Нела Деспотовска, можеме да ви препорачаме да си набавите Bromelain од Now Foods, кој има ознака за GMP квалитет и е дел од спектрумот на производи на Now Foods, бренд кој се залага за природни суплементи со врвен квалитет и ефект врз здравјето. Доколку овој ензим го консумирате со цел да го подобрите варењето, најдобро е да го земете со оброците, додека за сите останати здравствени состојби тој треба да се консумира на празен стомак. Повеќе за бромелаинот прочитајте на линкот: Бромелаин – моќен помошник на варењето на храната и сојузник против алергии.

бромелаин

Acidophilus 4×6 од Now Foods

Освен бромелаинот, ги препорачуваме и Acidophilus 4×6 од Now Foods кои во својот состав содржат 6 вида на пробиотици. Истите се создадени со природна ферментација и содржат високо квалитетна и моќна ацидофилус пробиотска бактерија со 4 милијарди активни цревни бактерии Lactobacillus acidophilus во една капсула. Lactobacillus acidophilus, создава млечна киселина и со тоа го спречува ширењето на штетните цревни бактерии, а со создавањето на ензими осигурува правилна дигестија на храната, искористување на хранливите материи (особено на млечните шеќери) и елиминација на отпадот од организмот. Овој пробиотик  е збогатен е со концентрирани фруктоолигосахариди (FOS) кои го помагаат растот на добрата микрофлора во цревата. Можете да го купите од сите подобро снабдени аптеки или од онлајн продавницата на Тримекс.

Ако сакате да дознаете повеќе детали за Bromelain и Acidophilus 4×6 или да ги нарачате до дома, препорачуваме да ја посетите онлајн продавницата на Trimeks, да се јавите на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 или слободно пишете ни се на info@sezahrana.mk, а ние ќе ја консултираме Д-р Нела Деспотовска за најдобар совет за вашата потреба и ќе ви одговориме.

Ви препорачуваме да прочитате: Што е инулин и зошто е добар за здравјето?

*Спонзориран текст.

Сподели: