Колку пати ви се случило да купувате намирници кога сте гладни и да купите повеќе отколку што можете да изедете? Но, проблемот не е во производите што мора да се чуваат во фрижидер, туку во овошјето и зеленчукот што зреат многу брзо. Во продолжение ви споделуваме неколку едноставни начини како да го искористите презреаното овошје.
Мoже да ве интересира и: Како да изберете совршено овошје за слатка зимница.
Направете смути
Еден од најдобрите начини за користење на презреаното овошје е дефинитивно во смути. За да го направите вашиот здрав напиток уште повкусен и освежителен, можете да го замрзнете овошјето претходната вечер, а наутро само да го ставите во блендер, да го измешате со останатите состојки и да уживате во вкусот.
Направете компот
Компотот е секогаш одлична идеја кога не знаете како да го искористите презреаното овошје. Ставете го овошјето во сад, додајте малку шеќер, цимет и други зачини по желба, сварете го и послужете.
Подгответе овошни мафини
Едноставно додајте парчиња презреано овошје во вашата стандардна мешавина за мафини, особено банани и јаболка.
Направете сос или џем
Ако имате многу зрело овошје, можете да си направите џем, а ако количината е помала, направете сос кој може одлично да се комбинира со разни десерти. Не плашете се да експериментирате.
Совет плус:
- За да го забавите процесот на зреење и да ја убиете мувлата што можеби се појавила, натопете го овошјето во топла вода 30 секунди. Потоа, ставете го на хартија или крпа да се исуши и ставете го во фрижидер.
Ви препорачуваме да прочитате: Како почесто да јадете овошје и зеленчук?