Првутот настанува заради одредени габични и бактериски заболувања на кожата на главата. Тој предизвикува чувство на чешање, лупење на кожата и појава на непријатни бели „снегулки“ на алиштата. За среќа, има повеќе природи начини на кои може да се ослободите од првутот.
Во продолжение дознајте на кои се начини и со помош на кои природни препарати може да го победите овој непријатен и иритирачки проблем.

Алое вера
Алое вера помага против многу кожни болести, па можеме да го користиме и во борбата против првутот. Неколку минути пред туширање нанесете чист сок или гел од алое вера на главата. Потоа, косата измијте ја со некој нежен и благ шампон. Постапката повторувајте ја 2 пати на ден додека првутот исчезне.
Масло од чајно дрво
Маслото од чајно дрво е природен антисептик кој може да ви помогне да се ослободите од првутот. Доволно е само да додадете неколку капки од ова масло во шампонот кој го користите и да им речете збогум на застрамувачките бели „снегулки“. Исто така, може да измешате 1 лажица масло од чајно дрво со 1 лажица топла вода и оваа мешавина да ја турите во шише со распрскувач. Со мешавината прскајте ја косата после секое нејзино миење и лесно масирајте го скалпот.
Маслиново масло
Маслиновото масло благотворно влијае на целиот организам, па така и на косата. Потребно е лесно да се загрее мала количина на екстра девствено маслиново масло и со него да се измасира скалпот на косата. Потоа, главата замотајте ја во крпа и оставете го маслото да делува околу половина час. На крај, темелно исчеткајте ја косата со цел да ги отсртаните мртвите делови од кожата и измијте ја како и обично.
Лимонов сок
Лимонската киселина ги уништува бактериите и габичните инфекции и на тој начин помага и против првутот. Се што треба да направите е да го измасирате скалпот на главата со лимонов сок, да го оставите да дејствува неколку часа и на крај косата да ја измиете со шампон и регенератор. Повторувајте го овој третман редовно и првутот ќе исчезне.
Ви препорачуваме да прочитате: Домашен третман со ленено масло кој помага при првут и опаѓање на косата.