Мали, а богати со многу витамини и минерали неопходни за здравјето! Семињата се задолжителен дел од здрвата исхрана, а нутриционистите често ги препорачуваат. Имаат долг рок на траење, а и се вклопуваат во многу рецепти. Ви препорачуваме 4 најздрави и најкорисни семиња кои треба да ги имате во вашиот дом.
Залихите секогаш треба да бидат добро организирани и полни со основни намирници кои не се лесно расипливи и може да се искористат на различни начини. Во нерасипливи намирници спаѓаат и семињата. Со семиња може да се подготвуваат разни домашни граноли, протеински плочки, смути, намази и салати.

Чиа семето е богато со омега 3 масни киселини
Често спомнувано на интернет и популарно низ светот и тоа со причина. Чиа семето е богато со протеини, растителни влакна, калциум и омега 3 масни киселини. Многу лесно се вари во желудникот и не е потребно да се мели пред употреба. Совршено е за подготовка на смути, овесна каша, граноли…
Лененото семе е богато со растителни влакна
Лененото семе содржи многу растителни влакна, фитонутриенти и омега 3 масни киселини. Може да се мели и да се користи како ленено брашно за подготовка на леб, мафини или палачинки заедно со друго брашно.
Семките од тиква се идеални како здрави грицки
Најчесто користени како занимација додека се гледа филм. Но, семките од тиква се повеќе од тоа. Во нивниот состав се среќаваат протеини, цинк и магнезиум. Додајте ги во салата, песто или домашни протеински плочки.
Сончогледот изобилува со витамин Е
Сончогледот е извор на витамин Е, тиамин, бакар, фосфор и селен. Изобилува со здрави масти, растителни влакна и аминокиселини. Може да направите здрав намаз, да го додавате во салати, печива или да го послужите како здрави грицки.
Ви препорачуваме да прочитате: Здрави енергетски бомбици со овесни снегулки и семиња.