Сакаш да направиш совршено печење за најблиските? Сакаш ли да да испробаш некои топ совети и да направиш сочна печена удина како во врвен ресторан? – Ако твојот одговор е Да, ти отктиваме дека ги побаравме најдобрите совети од искусните готвачи и ги споделуваме во овој текст!
Дел од кулинарските совети кои се пренесувале низ генерациите секако стигнале до нас, но некои трикови од вештите готвачи секогаш можат да ни бидат ново и интересно откритие. Професионалните готвачи обично грижливо ги чуваат кулинарските тајни и ги делат само со своите ученици. Но, сепак некои од нив може да се откријат. Еве неколку совети за подготовка на совршено телешко и свинско месо, кои ќе ви го олеснат секојдневието во кујната, а ќе го зголемат уживањето на трпезата.

Свинското месо ставете го во солена вода 1 час пред печењето
Немасното свинско месо најчесто се печи подолго, па како резултат на тоа се добива суво месо, без посакуваниот вкус и арома. За да ја избегнете таа појава, европските готвачи препорачуваат пред печење месото да се потопи во маринада или уште поедноставно во солена вода. За таа цел, во 1 литар вода додајте ¼ чаша сол, а по желба може да додадете и ½ чаша шеќер. Месото ставете го во солениот раствор и оставете го во фрижидер.
Времето на маринирање зависи од големината на парчето месо
Притоа, треба да знаете дека времето на маринирање во солениот раствор зависи од големината на парчето месо. Од прилика, еден килограм месо треба да се маринира околу 1 час, но не смее да се чува повеќе од 8 часа или помалку од ½ час. Пред подготовката на месото потребно е кратко да се измие под млаз вода, за да се отстранат остатоците од солта, со цел за да се спречи негово пресолување.
За да направите сочен бифтек, месото оставете го на собна температура 30-тина минути
Печеното месо треба да биде сочно, а кората да биде крцкава. За да го постигнете тоа немојте да печете месо кое тукушто сте го извадиле од фрижидер. Ако е свежо и незамрзнато, прво оставете го на собна температура за време од 30-тина минути. Доколку месото е замрзнато, оставете го околу 1 -2 часа за да се одмрзнe, а потоа печете го. На овој начин месото ќе биде рамномерно испечено. За да добие фина и крцкава кора, пред печење месото избришете го со кујнска хартија.
Пред да го ставите месото во рерна, прво потпечете го во загреана тава
Еден од најпознатите светски готвачи, Ален Дукас, ја открива својата тајна за приготвување на вкусен бифтек. Тој советува, пред да се стави месото во рерна, прво да се потпече во загреана тава на оние делови каде што се наоѓа маснотија. На овој начин месото ќе биде повкусно, а ќе нема потреба да се користи дополнително масло за неговата припрема.
Наша препорака:
Изборот на квалитетно месо е секогаш број 1 совет кој ќе ви помогне да подготвите вкусен деликатес. А штом станува збор за свежо месо, наш избор се Агриа кои имаат квалитетното месо од домашно производство по принцип „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. Посетете ги месарниците на Агриа ширум земјата (Велес, Битола и Штип), или побарајте го месото во Тинекс и Рамстор маркетите. А штом го набавите и приготвите, пишете ни во групата Сѐ за храна како ви се допаднало.
Ви препорачуваме да прочитате: 3 совети како да станете експерт за избор на најдобро свежо месо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.