4 трикови за месо

4 трикови за подготовка на меко и сочно месо

Готвењето месо понекогаш може да биде предизвик, особено ако немате доволно кулинарско искуство. Вкусот зависи пред сѐ од квалитетот и видот на месото, зачините што ќе ги додадете, маринадата и начинот на кој го подготвувате. Секогаш е добро да се знае повеќе, а искусните готвачи споделуваат 4 трикови со кои приготвеното месо ќе биде сочно и меко. Ајде да видиме кои се тие! 

Mесото може да го подготвите на стотици начини, а најважната цел е тоа да биде меко, вкусно и сочно. А колку пати ви се случило да купите убаво парче месо, но да не бидете задоволни од крајниот резултат?  – Затоа, следниот пат кога ќе готвите месо применете овие 4 трикови и пронајдете го омилениот рецепт на sezahrana.mk. Гарантираме дека тоа ќе биде приготвено по ваш вкус!

4 трикови за подготовка на месо

Маринада за помеко и поароматично месо

Готвачите велат дека маринадата е задолжителна при подготовка на месото. Маринираното месо апсорбира вкусови од зачините и станува помеко. Треба да го знаете дека при подготовката на маринадата добро е да се користат кисели состојки, како сок од лимон или оцет, бидејќи тие најдобро ќе ги омекнат мускулните влакна.

Не стигнавте да направите маринада? Посолете го месото пред подготовката 

Често пати сме во брзање и се случува да немаме време за маринирање на месото. Дури и ако не го маринирате месото, важно е да го посолите пред подготовката. Солта ќе поттикне ослободување на природни сокови, така што месото ќе биде значително помеко.

Изберете ја соодветната температура

Дали знаете дека различните парчиња месо се приготвуваат на различна температура? Недоволно вареното месо ќе биде тешко за џвакање, додека превареното може да биде суво и тврдо. Затоа е најдобро да се истражи и внимателно да се прочита рецептот пред да се подготви јадењето.

По приготвувањето оставете го месото да отстои

И ова е едно од правилата кои мора да ги применувате при подготовка на месото. Не брзајте да го ставите месото на масата веднаш откако ќе го тргнете од оган. Дајте му малку време да отстои во соковите и да ги апсорбира вкусовите што ќе го направат посочно и помеко.

Наша препорака:

Изборот на квалитетни состојки е клучен за вкусно јадење. Од нашето позитивно искуство со квалитетно свежо месо може да ги препорачаме Агриа. Долгогодишното искуство и постојаниот квалитет ги прават Агриа еден од најдобрите македонски производители на свежо свинско месо. Посетете ги нивните месарници во Битола, Штип и Велес и уверете се во квалитетот на месото. Свежото свинско месо од Агриа може да го најдете во и Тинекс и Рамстор маркетите.

А кој е вашиот омилен трик при подготовка на месо? Ве покануваме да се приклучите и да го споделете во групата Сѐ за храна на Facebook.

Ви препорачуваме да прочитате: 9 кулинарски трикови за повкусно месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: