торти со јаболка

4 рецепти за едноставни торти со јаболка

Во потрага сте во едноставни торти со јаболка? Вие сте на вистинското место. Тортите со јаболка ни се едни од омилените и често се наоѓаат на нашите трпези. Во комбинација со цимет или чоколадо се креира слатка магија, на која никој не може да остане рамнодушен.

Во текстот кој следува ќе ги пронајдете најдобрите рецепти кои ги приготвивме ние и нашите автори. За да го прочитате целосниот рецепт, кликнете на потцртаните зборови и уживајте во прелистувањето на најдобрите рецепти од sezahrana.mk.

торта со јаболка

Брза торта со јаболка

Традиционална и омилена на нашата трпеза. Потпечени јаболка, прелиени со сочен кекс и финиш од шлаг пена. Звучи вкусно, зарем не? Топло препорачуваме да го пробате рецептот за брзата торта со јаболка.

Чоколадна торта со јаболка

Мирисот на чоколадо, ванила, печени јаболка и цимет сигурно ќе ве намами да ја направите оваа чоколадна торта со јаболка и да споделите убави моменти со семејството и најблиските. Рецептот ни го испрати Невена, а ние гарантираме дека е одличен, па веднаш запишете ја чоколадната торта со јаболка во тетратка, споделете ја на вашиот профил и во првата прилика штом имате малку слободно време направете ја.

Колач со јаболка, цимет и јаткасти плодови

Јаболка, цимет и јаткасти плодови, соединети во слатка комбинација за екстра уживање! Помеѓу другите рецепти кои со голема љубов ги припрема Катерина, можеме да кажеме дека овој колач со јаболка и цимет ни остави впечаток, па го споделуваме со вас. Ако и вие ја обожавате фантастичната арома на печени јаболка и цимет, веднаш одете во кујната и фатете се за работа. За кратко време ќе може да го вкусите овој колач кој одлично ви се надополнил со шолја кафе.

Евтина и лесна торта со јаболка

Овој рецепт за тортата со јаболка ни го испрати Славица, а ние со задоволство го споделуваме со вас. Состојките кои се потребни за подготовка на тортата се едноставни и сигурно веќе ги имате во својот дом. Па, зошто да не се одлучите да го пробате овој рецепт?

Ви предлагаме да прочитате: Швајцарска пита со јаболка.

Сподели: