Швајцарска пита со јаболка 1

Швајцарска пита со јаболка

Често се случува да најдеме разни рецепти за десерти со јаболка, а сега ви предлагаме да го пробате вкусот на пита со јаболка приготвена како што тоа го прават во Швајцарија.

Овошно и многу убаво за лик, а уште подобро за јадење. Воопшто не е тешко да се направи. Пробајте ја, нема да зажалите!

Швајцарска пита со јаболка 2

Состојки:

  • 300 гр замрзнато лиснато тесто
  • 4 лажици мелени лешници
  • 800 гр јаболка
  • 30 гр путер
  • 80 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 200 мл слатка павлака.

Подготовка:

  1. Одмрзнете го лиснатото тесто и со помош на сукало истенчете го, а потоа со него обложете претходно припремен плех со големина 26.
  2. Со помош на вилушка пробушете го тестото неколку пати, па посипете ги мелените лешници.
  3. Јаболката измијте ги, излупете ги и исечете ги на тенки кришки.
  4. Путерот загрејте го во тава, а потоа додајте ги кришките јаболка малку да се продинстаат.
  5. Посипете 30 грама од шеќерот и динстајте уште 5 минути.
  6. Јајцата изматете ги, додајте го ванилиниот шеќер и остатокот од шеќерот, па смесата измешајте ја со слатката павлака.
  7. Рерната загрејте ја на 200 степени.
  8. Во меѓувременаредете ги кришките јаболка врз тестото и прелијте ги со приготвениот крем.
  9. Печете околу 40 минути, а потоа уживајте во слаткото задоволство. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Едноставна руска пита со јаболка.

Сподели: