Постите само што започнаа, а сите идеи за посни колачи и рецепти се добредојдени! Овој пат прошетавме низ маркетите, а инспирација ни беа посните десерти од Винчини. Пронајдовме неколку супер вкусни колачиња кои ги споделуваме со вас. Ванилици, ванилици со чоколадо, гурабии, белани, домашни посни колачиња… еве кои се нашите 5 предлози за овие пости.
Ванилици – омилен десерт за засладување во посните денови
Ванилиците се едни од највкусните традиционални колачи кои се омилени ширум Македонија, а и на Балканот. Карактеристично е што се приготвуваат за време на празници, а често се служат во комбинација со турско кафе. А овие пости може да уживате во вкусните ванилици од Винчини кои се достапни во две различни пакувања. Традиционални ванилици со шеќер во прав и ванилици со чоколаден прелив. Изберете го омилениот вкус и сервирајте ги на трпезата. Засладете се со семејството и пријателите!
Гурабии – богатиот вкус на бадемите ги прават безвременски десерт за сите генерации
Изгледаат многу слично со ванилиците, па многумина се во недоумица и мислат дека станува збор за ист десерт. А дали знаете која е разликата меѓу ванилиците и гурабиите? Одговорот се крие во бадемите. Гурабиите традиционално се приготвуваат со мелени бадеми. Побарајте гурабии од Винчини во најблиските маркети и засладете се за време на постите.
Белани – крцкави колачиња, добредојдени во секој момент
Белани се едни од нашите омилени посни колачиња. Крцкави се и одлични за со чаша топол чај, какао или кафе. По желба може да ги премачкате со мармалад и да ги послужите на трпезата. Исто, со беланите може да направите и супер вкусни посни колачиња. Во мал сад на оган ставате 50 мл вода и додајте 1 ќесичка ванилин шеќер од Fantasia. Штом водата зоврие, садот тргнете го од огнот и додајте 50 грама посно чоколадо за готвење. Измешајте додека чоколадото се растопи. Во смесата додајте 200 грама мелени белани. Измешајте за да се добие хомогена смеса. Формирајте колачиња по желба. На крај, чоколадирајте ги со посно чоколадо или извалајте ги во мелени ореви или кокос од Сончева долина. Супер предлог, зарем не?
Ви предлагаме да прочитате: Велигденска „Зајко“ торта без печење со кори од Винчини.
*Спонзориран текст.