Веќе долго време се дебатира околу тоа дали чоколадото е добро или не за здравјето. И штом прочитаме некое истражување дека е здраво и може да го консумираме без грижа на совест, веднаш потоа се појавува друго кое го тврди спротивното. Тоа ни беше мотивација да посветиме повеќе време на оваа тема. Ви претставуваме пет причини на кои наидовме при нашето истражување, зошто е пожелно да се јаде чоколадо, а особено од женскиот пол.
Наредниот пат кога ќе посегнете по парче чоколадо, нема потреба да се чувствувате виновни, бидејќи чоколадото е навистина добро за здравјето. Во продолжение дознајте на кои начини чоколадото влијае врз здравјето на жените.

Чоколадото ја намалува болката
Едно истражување покажало дека рецепторите за болка многу побавно реагираат ако јадеме чоколадо. Притоа, истото истражување покажало дека токму тој позитивен ефект може да доведе до дебелеење, па затоа е неопходно во чоколадото да се ужива со мера.
Превентивно делува против компликации во бременост
Теобобин, состојка која се наоѓа во чоколадото може да го намали ризикот од прееклампсија, која е една од најчестите компликации со која се соочуваат трудниците. Во овој случај изборот треба да падне на темното чоколадо, со поголем процент на какао. Прееклампсијата е примарно поврзана со покачен крвен притисок, па редовното консумирање на темно чоколадо може да го намали ризикот од појава на оваа состојба за неверојатни 69%.
Помага во зачувувањето на витката линија
Иако звучи неверојатно, но едно истражување покажало дека лицата кои редовно консумираат мала количина темно чоколадо имаат помал индекс на телесна маса. Испитаниците кои по неколку пати во неделата редовно консумирале темно чоколадо, биле повитки во просечна споредба со оние кои јаделе само повремено.
Кога сме кај темните чоколада, можеме да ви препорачаме да го пробате „Диет темното чоколадо“ на Витаминка. Вкусот ќе ви се допадне, а одлично е што тоа е спој на најдоброто од двата света, вкусното и здравото.
Штити од срцеви заболувања
Некои шведски истражувачи спровеле студија во која се докажало позитивното влијание на чоколадото против срцевите заболувања. Волонтерите кои редовно јаделе незасладено чоколадо со 72% какао, имале за 18% помало ниво на факторите кои предизвикуваат висок крвен притисок.
Моќен борец против ПМС
Чоколадото го стимулира лачењето на хормонот на среќа ендорфин и на тој начин ја намалува анксиозноста. Покрај тоа изобилува со магнезиум кој исто така важи за еден од најдобрите природни подобрувачи на расположението. Магнезиумот го спречува и задржувањето на вода во организмот, а со тоа и надуеноста при ПМС. Токму тоа е одговорот зошто на многу жени во ПМС им се јаде баш чоколадо.
Кое е вашето омилено чоколадо? – Ние посебно ја обожаваме палетата на Синтагма чоколадата на Витаминка. Кремастите и вкусни Синтагма чоколада ги има во три вкусови и тоа со крем од лешник, млечен бел крем и со јогурт и крем од јагода. Кое и да го изберете нема да згрешите, па препуштете се на уживање со светот на вкусовите!
Ви препорачуваме да прочитате: Баклава со лешници и чоколадо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.