Потребна ти е идеја и инспирација за појадок, полн со хранливи состојки кој лесно се приготвува? – За да се храниш здраво не е потребно многу. Доволна е само добра организација и желба. Оброкот на работното место не мора секој ден да ти биде бурек, кифла или сендвич. Многу едноставно можеш дома да си подготвиш здрав појадок и да си го земеш со себе на работа. Еве 5 идеи за брзи и лесни појадоци за секој работен ден од неделата.
Сите сме во постојано брзање и ретко кој има време да си подготви здрав оброк во текот на денот. Но, појадокот и ужината се особено важни и не треба да се занемарат бидејќи ја даваат енергијата што е клучна за добро функционирање во текот на денот. Еве 5 идеи за брзи и лесни појадоци кои ќе ти го разубават денот.

Брзи и здрави мафини со јаболка и цимет – без глутен, шеќер и млеко
Без глутен, без шеќер и без млеко, се одличен предлог за сите кои практикуваат режими на исхрана, имаат интолеранција или се хранат здраво. – вели Марија Кочовска од нашиот тим.
Состојки за 6-8 мафини:
- 2 јаболка
- 2 јајца
- 2 чаши Natura фини овесни снегулки
- 1/4 чаша масло
- 1/4 чаша сируп од урми или друг засладувач (мед, Natura кафеав шеќер…)
- 1 лажичка Fantasia прашок за печиво
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1 лажичка Fantasia цимет.
Подготовката на мафините можете да ја прочитате тука или да ја погледнете на видеото.

Зелено смути за 5 минути – хранливо и детокс
Слатко, а без шеќер, хранливо и здраво калорично, без глутен, совршен спој од состојки! – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.
Состојки:
- 12-15 ливчиња спанаќ
- 1 јаболко или 2 ако се многу мали
- 1 лажица Natura фини овесни снегулки
- 1 лажица Natura семе од чиа
- 1 лажиче Natura ленено семе
- 10 бадеми
- 1 лажиче Natura лупен сончоглед
- 1 лажиче Natura семки од тиква
- 250 мл сок од портокал (цеден или 100% по декларација).
Подготовката на зеленото смути можете да ја прочитате тука или да ја погледнете на видеото.

Корнфлекс со млеко
Кога ви треба брз и квалитетен оброк подгответе порција корнфлекс со внимателно одбрани додатоци од овошје како здрава комбинација за појадок која ќе ве држи сити неколку часа.
Состојки:
- пченкарни снегулки криспи или класик
- млеко, јогурт, чај или сок по потреба.
Подготовка:
- Потребната количина на снегулки прелијте ја со млеко, јогурт, чај или сок по желба. Оставете ги 15 минути да омекнат и послужете. Подготвената порција корнфлекс може да ја комбинирате со овошје по избор.

Мусли со овошје и семиња
За квалитетен живот подгответе си лесен оброк, доволно хранлив и енергичен за да ве држи сити.
Состојки:
- мусли со овошје и семиња
- млеко, јогурт, чај или сок по потреба.
Подготовка:
- Врз саканата количина мусли прелијте млеко, јогурт, чај, или сок по избор. Оставете да омекне 15 минути и послужете. На здравје!
Чиа пудинг со бобинкасто овошје
Чиа пудингот е наједноставниот и најлесниот здрав појадок што може да си го подготвите.
Состојки:
- 2 лажички семе од чиа од Natura
- 10 лажички млеко
- 100 г малини
- 1 банана
- 100 г аронија
- 100 мл вода.
Подготовката на чиа пудингот со овошје и семиња може да ја погледнете на видеото.
Ви препорачуваме да прочитате: Овес во зрно, барем еднаш неделно на менито!
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Текстот е подджан од Натура.