Дури и во овој летен период ние се грижиме да се храните добро и квалитетно. Денеска ви предлагаме 5 рецепти од #МедоГотви со Промес кои совршено може да се вклопат во вашата кујна во овие топли денови. Погледнете што вкусно можете да си приготвите ова лето.
1. Фурнаринки со топено сирење
– Животот е поубав кога можеш сам да си направиш топено сирење, а #МедоГотви е тука за да ви покаже како.
2. Шпагети Карбонара
– Ви треба јадење што нема да ве примора да стоите подолго време до шпоретот? Ѕирнете си шпагетки по интересен рецепт.
3. Омлет под капак
– Одличен појадок, особено доколку сте на одмор и ви треба нешто брзо и вкусно.
4. Коцкаста салата
– Освежување на место, лесна и убава коцкаста салата. Може и да ја модификувате по ваш избор.
5. Уштипци и Poison Ivy салата
– Брза салата комбинирана со уштипци за фамилијарно уживање дома или во природа.