5 намирници кои го подигнуваат нивото на енергија

5 намирници кои го подигнуваат нивото на енергија

Дали знаете дека постојат намирници кои го подигнуваат нивото на енергија подобро и од кофеинот?! – Ако често ви се случува да сте уморни, а имате уште планирани обврски кои треба да ги завршите, не посегнувајте веднаш по енергетски пијалоци. Пробајте да ги ,,наполните батериите”  со правилна исхрана.

За да одржите оптимално ниво на енергија во текот на денот, потребна е храна која ќе го стабилизира шеќерот во крвта и ќе спречи нагло опаѓање на енергијата. Еве кои намирници ќе ви помогнат во тоа.

5 намирници кои го подигнуваат нивото на енергија

Овес

Овесот содржи низок гликемиски индекс и не предизвикува нагли промени на нивото на шеќер во крвта што предизвикува умор. Освен тоа, содржи и протеини и диетални влакна. Како и другите житарици, и овесот е богат со витамин Б, магнезиум, селен и железо, елементи кои ја зголемуваат енергијата во организмот.

Намирници богати со железо

На организмот му е потребно железо за да произведе хемоглобин, кој се наоѓа во црвените крвни зрнца и го пренесува кислородот низ организмот. Недостатокот на железо предизвикува анемија чии симптоми се умор, летаргија и недостаток од енергија. Наместо да посегнувате по третата чаша кафе, направете си свежа салата од спанаќ. Спанаќот содржи фолна киселина која може да го намали ризикот од депресија. Исто така, консумирајте повеќе леќа и говедско месо. А за подобро аспорбирање на железото во организмот, внесувајте повеќе витамин Ц.

Пилешко месо

Пилешкото месо е одличен извор на витаминот Б3, кој е неопходен за претворање на протеините, мастите и јаглените хидрати во енергија. Исто така, пилешкото е богато и со витамин Б6 и селен кои позитивно делуваат на нервниот систем.

Јаткасти плодови

Барате мала ужина за да си ја покачите енергијата наутро или попладне? Наполнете една рака со јаткасти плодови како ореви, бадеми или бразилски оревчиња. Не само што се полни со протеини, туку јаткастите плодови содржат и многу магнезиум, а магнезиумот игра голема улога при претворањето на шеќерот во енергија. Јаткастите плодови содржат и омега-3 масни киселини за кои се верува дека помагаат во борбата против депресијата.

Јајца

Јајцата претставуваат енергетска бомба која ви помага да „станете“ кога сте поспани. Тие се богати со протеини и се одличен извор на витамините Б6 и Б12, кој им помагаат на клетките да апсорбираат енергија.

Ви препорачуваме да прочитате: 7 најдобри нискокалорични зеленчуци за супер здравје, енергија и фит форма.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: