Затнат нос, црвени и иритирани очи, чешање, кивање и кашлање се најчестите симптоми карактеристични за алергија. Човек може да биде алергичен на храна, лекови, хемиски супстанции, метали, влакна од животни, убод од пчели, алергија на сонце итн. Најчести се сезонските алергии кои се јавуваат во пролет и лето кога концентрацијата на полен и други предизвикувачи во воздухот е многу висока. Без разлика која е причината за појавената алергија ви откриваме кои се најдобрите природни антихистаминици.
Алергијата е резултат на зголемено лачење на хистамин во организмот, а фармацевтски производи против алергиите се антихистаминиците. Сепак, постојат и природни антихистаминици, кои можат да се најдат во храната и кои во голема мера можат да ги ублажат проблемите предизвикани од алергија, па ќе ви кажеме нешто и за нив.

Како делуваат антихистаминиците?
Хистаминот е дел од имунолошкиот систем кој ги предизвикува сите симптоми карактеристични за алергиите. Најчести и најпознати се: кивање, чешање на носот и очите, кашлање, гребење во грлото и други симптоми слични на настинка. Антихистаминиците ја блокираат активноста на хистаминот, со што се намалуваат и непријатните симптоми.
Кои се најдобрите антихистаминици?
Алергиите најчесто се јавуваат кај луѓе кои имаат ослабен имун систем. Физичката активност и консумирање на намирници кои го зајакнуваат имунитетот се од исклучителна важност, а особено оние кои се богати со витамините Б, Ц и Е, минералите како што се селен, цинк итн. Во најдобри антихистаминици се вбројуваат:
- Лук и кромид. Намирници кои се секогаш добредојдени за ублажување на алергиски симптоми, посебно кога станува збор за алергиски ринитис и се одлични за зајакнување на имунитетот.
- Коприва. Копривата е еден од најдобрите природни лекови против алергии. Покрај тоа што го подобрува имунитетот, многу ефикасно сузбива алергиски реакции. Најдобро е да пиете чај од свежи листови коприва преку цел ден и на тој начин во голема мера ќе си помогнете во спречувањето на алергиите.
- Ананас. Ова тропско овошје содржи ензим наречен бромелаин, Некои истражувања покажуваат дека бромелаинот ги олеснува болките во грлото и ја намалува иритацијата на синусите. Бромелаинот е ефикасен и за лекување на респираторни инфекции и воспаленија предизвикани од алергиите. А покрај бромелаинот, ананасот е богат и со витамин Ц кој помага за зајакнување на имунитетот.
- Кварцетин. Кверцетинот е супстанца од семејството на флавоноиди. Претставува моќен антиоксидант, кој што го блокира ослободувањето на хистамините. Го има најмногу во овошјето и зеленчукот, како цитрусните овошја, јаболката, кромидот и др. Покрај тоа, кварцетинот може да го внесувате и како додаток во исхраната, а посебно е корисен ако имате докажан проблем со алергија.
Ја консултиравме Д-р Нела Деспотовска и ни препорача како најдобар додаток од достапните кај нас да го избереме Quercetin with Bromelain од Now кој може да се најде во сите поголеми аптеки. Таа ни кажа дека кверцетинот е природен чистач на слободните радикали и поддржува здрава сезонска функција на имунолошкиот систем и помaга во одржување на нормалната респираторна функција, а за бромелаинот ви опишавме погоре. Додатокот Quercetin with Bromelain од Now го поддржува здравјето на дишните патишта во текот на целата година и е вегански производ, без ГМО. Ако ви треба, можете да го најдете во сите подобро снабдени аптеки како што споменавме и погоре или да го нарачате преку онлјан продавницата на Тримекс, а доставата е бесплатна.

Забелешка: Овие се само некои природни лекови и додатоци кои го зајакнуваат имунитетот и спречуваат појава на алергии и лачење на хистамин, но не се замена за терапијата која ви ја дал лекарот кој ја следи вашата состојба. Најголемиот број од нив се корисни за скоро сите видови на алергии, а има и такви кои помагаат исклучиво за одредени. Па, пред употреба, најдобро да се консултирате со вашиот лекар.
Ви препорачуваме да прочитате: Има ли поврзаност на алергиите и имуниот систем? Што може да се направи?
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Поддржан текст.