Совршено парче похувано месо има крцкава структура и добро печена, но сочна внатрешност. За да го постигнете тој ефект во кој сите уживаме, треба да знаете кои се најчестите грешки при похување на месо и како да ги избегнете.
Обрнете внимание на дебелината и големината на парчињата
Поголемите парчиња месо бараат повеќе време за термичка обработка во споредба со помалите. Токму затоа треба да се избегнува похување на месо кое е исечено на парчиња со различна дебелина и големина. На пример, пилешки прсти и копани не би требало да ги готвите во иста тава, затоа што нерамномерно ќе се се готват. Малото парче ќе се пресуши, а големото пак може да остане „живо“. Најдобро одбирајте помали парчиња месо и уживајте во вкусот.

Да не го забораваме чеканот за месо
Евтините парчиња месо се идеални за похување, но притоа треба да знаете дека добар вкус ќе имаат само оние кои претходно омекнале. Независно од тоа колку се тенки парчињата на месото кое сте го купиле, сепак малку исчукајте ги со чекан за месо или доколку немате употребете друг тап ( дрвен) предмет. Така ќе бидете сигурни дека месото ќе биде добро термички обработено.
Директно похувањето на месо кое стоело во фрижидер не е добра опција
Ако ладното и влажно месо го ставиме во загреана тава, тоа ќе почне да прска на сите страни и ќе ја намали можноста за крцкање. Месото е најдобро да го извадите од фрижидер барем половина час пред похувањето и обавезно да го поминете со чиста крпа за да ја соберите влагата. Потоа, ставете го во брашно, јајце и лебни трошки. На тој начин ќе спречите оддвојување на похуваниот слој од месото кога ќе го ставите да се пржи во врелото масло.
Штедењето на лебните трошки не дава одлични резултати
За да има вкусен и крцкав слој, месото треба да биде замотано во намирници за похување неколку пати. Убаво прекријте ја целата површина со брашно, јајце и презла, така што секој залак ќе гарантира неповторливо гастромомско уживање. Не се штедете, што повеќе ставите толку побогато ќе делува површината на месото.
Не треба да ги забораваме зачините
Не го посолувајте месото пред да го готвите. Наместо тоа, посолете ги јајцата и брашното. Во лебните трошки можете да додадете и ситно сечкани зачински растенија или некои суви зачини кои ќе му дадат уникатен вкус на секое залче.
Совет плус: Не заборавајте прженото место да го ставите на хартија, за да се впие вишокот на маснотија. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Похувани пилешки прсти со сусам и ленено семе.