5 невообичаени начини да искористите чепкалки за заби

Освен што се користат за чистење на забите и за проверка на печениот кекс, дали знаете за што друго може да ги употребите обичните чепкалки за заби? Веруваме дека кога ќе прочитате ќе се изненадите од нивните бројни нестандардни употреби!

1. Спречување на водата да претече од тенџерето

На сите ни се случило да се занесеме во готвењето и едноставно без да забележиме да дозволиме течноста од тенџерето да претече. За да се избегне ваков тип на неред во кујната, треба да вметнете чепкалка за заби помеѓу тенџерето и капакот. Овој мал отвор ќе дозволи пареата да излезе, а со тоа ќе се спречи претекување на течноста од тенџерето.

2. Дозирање на преливи за салата

Дали знаете дека постои одлично решение на овај проблем, а тоа е многу едноставно. Кога ќе купите ново шише со прелив за салата, не отстранувајте ја заштитната фолија, туку едноставно на неа со чепкалката дупнете неколку дупки. На овај начин правилно ќе дозирате и ќе заштедите неколку калории.

чепкалки за заби

3. Исчистете го телефонот и тастатурата

Поради честата употреба, во просторот меѓу копчињата на тастатурата од компјутерот или телефонот може да дојде до таложење на прашина, нечистотија и маснотија. За да ги исчистите, чепкалката натопете ја во алкохол и поминете преку валканите површини.

4. Палење на свеќи

Колку пати сте биле во ситуација да не можете да запалите свеќа бидејќи фитилот е премногу краток или свеќата е премногу вдлабната. Но се разбира и за овај проблем има решение. Ќе запалите чепкалка за заби, а потоа со неа ќе го дупнете пределот каде треба да се наоѓа фитилот, со тоа ќе создадете отвор околу него и полесно ќе ја запалите свеќата.

5. Поправете го дупнато црево

Ако вашето црево се дупне, не мора веднаш да одите до продавница за да купите ново. Најдете ја дупката и затворете ја со чепкалка за заби. Остатокот од чепкалката што ќе остане надвор од црево, скршете го. Кога ќе пуштите вода чепкалката ќе набабри и дупката целосно ќе се затвори.

Сподели: