турте за прво запче 1

Турте за прво запче – традиционален семеен рецепт

„Среќна сум што ќе ја збогатам ризницата од рецепти на sezahrana.mk со традиционален семеен рецепт, каков што досега немавме!“ – со радост вели Катерина од нашиот тим. Нејзиниот син беше инспирација за таа да ни го приготви и сподели превкусното и многу лично турте за прво запче. Се надеваме дека многу мајки ќе го испробаат и ќе уживаат во подготовката, а со тоа ќе придонесат во негување и зачувување на богатите традиционални вредности на нашата земја.

солен колач со сирење

Солен колач со сирење

Кога станува збор за солените задовоства, топло ви препорачуваме да го пробате солениот колач со сирење. Неговата подготовка е многу лесна и брза, а има одличен вкус во кој ќе ужива целото семејство.

Сочен колач со банана и лешници 1

Сочен колач со банана и лешници

Од оние што го пробаа потврдивме дека е многу вкусен и неодолив за цело друштво! Не е тежок за правење и тоа само уште повеќе ја подигнува оценката на овој сочен колач со банана и лешници! За уживање е во секој смисол. Предлогот ни доаѓа од кујната на Катерина и вреди да се проба некогаш! 🙂

Безглутенска проја со блитва и сирење 1

Безглутенска проја со блитва и сирење

Безвременски рецепт кој освојува секој пат и во секоја варијанта! Оваа безглутенска проја со блитва и сирење нема ниту малку бело брашно, а превкусна е! Ги обожаваме ваквите залчиња, а што е најважно секогаш ги делиме со пријателите и ги дегустираме заедно за уживањето да е уште поголемо!

овошен колач со праски

Сочен колач со праски прелиен со сируп од портокал

Летен и освежителен колач со праски за сите генерации! Во кујната на нашата пријателка Лана е креиран овој десерт, кој сигурни сме дека ќе ви се допадне. Станува збор за сочен колач направен со праски, мелени бадеми, кокос и портокал кој му даваат летен, тропски вкус. А за задоволството да биде поголемо, печениот колач се прелива со приготвен сируп од портокал.

Пченкарен кекс со афион

Пробајте го нашиот предлог за малку поинаков пченкарен кекс со афион. Едноставен, но сепак интересен и со поразличен состав. Клара ни кажа: „Колку повеќе стои, толку е повкусен. Вистинското уживање на вкусот и структурата е откако ќе преноќи.“ Да го пробаме и да провериме!

пандишпан торта

Како да направите совршен пандишпан за торта

Сигурно и вие при подготвување на десерти имате по некоја грешка во кујната, но тоа не треба да ве спречува повторно да се обидете да експериментирате со нови рецепти. И покрај секојдневната практика, и на најискусните слаткари им се случило да погрешат во подготовката на пандишпанот, па тортата која ја направиле да не изгледа совршено како што посакувале. Прочитајте одговори на вашите прашања.

6 начини за да ги искористите преостанатите белки

6 начини за да ги искористите преостанатите белки

Сте правеле колачи и ви останале многу неискористени белки? Немојте да ги фрлате затоа што ние имаме идеја како да ги искористите. Сигурно знаете дека белките содржат многу протеини, но дали знаете дека тие содржат антибактериски ензими и имаат антимикробни својства? Еве неколку корисни начини за да ги искористите преостанатите белки.

5 невообичаени начини да искористите чепкалки за заби

Освен што се користат за чистење на забите и за проверка на печениот кекс, дали знаете за што друго може да ги употребите обичните чепкалки за заби? Веруваме дека кога ќе прочитате ќе се изненадите од нивните бројни нестандардни употреби!