Солен колач со црвени пиперки и домати 1

Солен колач со црвени пиперки и домати

Интересен и поинаков вкус! Рецепт за нов солен колач во кој неизмерно ќе уживате!

Одлично предјадење, а може да го служите и како лесна закуска кога се дружите со пријателите.

Солен колач со црвени пиперки и домати 2

Состојки:

  • 150 гр брашно
  • 125 мл млеко
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 3 јајца
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 400 гр домати (може и од конзерва)
  • 2 црвени пиперки
  • 1 лажица црвено вино
  • 1 лажичка шеќер
  • 50 гр риби инчуни
  • 1 главица кромид
  • 200 гр рикота
  • по потреба сол, масло, црн пипер.

Подготовка:

  1. Во подлабок сад со жица изматете ги јајцата.
  2. Додајте го млекото и магдоносот, посолете и наросете малку црн пипер.
  3. Додајте го брашното измешано со печивото и убаво изматете за да не остануваат грутки.
  4. Во тава на оган ставете малку масло и додајте го сечканиот кромид.
  5. Пржете додека кромидот омекне и додајте ги доматите од конзерва претходно исечкани на мали парчиња, пиперките (претходно испечени) и исто така исечкани на мали парчиња, виното, шеќерот и инчуните.
  6. Промешајте и оставете да покрчка на тивок оган 5-10 минути.
  7. Откако ќе прокрчка тргнете ја тавата од оган и смесата претурете ја во смесата од јајца.
  8. Убаво соединете ја смесата и истурете ја во калап премачкан со масло.
  9. Одозгора низ целиот колач нанесте ја рикотата.
  10. Печете на 180 степени, за време од 45 минути.

На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Солена торта со коцки леб.

Сподели: