овошен колач со праски

Сочен колач со праски прелиен со сируп од портокал

Летен и освежителен колач со праски за сите генерации! Во кујната на нашата пријателка Лана е креиран овој десерт, кој сигурни сме дека ќе ви се допадне. Станува збор за сочен колач направен со праски, мелени бадеми, кокос и портокал кој му даваат летен, тропски вкус. А за задоволството да биде поголемо, печениот колач се прелива со приготвен сируп од портокал.

Ние ќе го пробаме, а вие одлучивте ли да го правите?

колач со праски

Состојки:

  • 3 до 4 праски
  • ¼ чаша шеќер во прав
  • 90 грама путер
  • ½ чаша шеќер
  • 2 јајца
  • 3/4 чаша мелени бадеми
  • ¼ чаша кокосово брашно
  • ¼ чаша пченично брашно
  • 1 лажица кора од портокал
  • ¼ мала лажичка прашок за печиво.

За сируп од портокал:

  • 1 чаша свежо цеден сок од портокал
  • ¼ чаша ликер со арома на портокал по желба
  • ½ чаша шеќер.

Подготовка:

  1. Исчистените праски се сечкаат на четвртини и се посипуваат со шеќер во прав. На оган, на средна температура се става нелеплива тава да се загрее. Во загреаната тава се додаваат праските и се динстаат додека шеќерот се растопи, а плодовите заруменат. Потоа, се остава да се изладат.
  2. Рерната се загрева на 160 степени. Се намрсува правоаголен калап за печење со димензии 12*35 см.
  3. Со миксер се матат путерот и шеќерот, а потоа се додаваат јајцата, мелените бадеми, кокосот, брашното, кората од портокал и прашокот за печиво. Повторно се мати се миксер за да се добие хомогена смеса. Добиената смеса за колач се става во намрсениот калап. Врз тестото се ставаат праските и се поросува со сечкани бадеми по желба. Колачот се пече за време од 30 до 40 минути, во зависност од дебелината, а повремено се вади од рерната и се одредува со чепкалка за заби дали е добро испечен.
  4. Во меѓувреме се приготвува сирупот од портокал. Сокот од портокал, ликерот и шеќерот се ставаат во мал сад на оган да се варат. Штом сирупот зоврие, темературата се намалува и се остава сирупот да се вари за време од 10 до 12 минути, односно додека се згусти. Варениот сируп се остава да се излади.
  5. Печениот колач со праски се остава да се излади и пред сервирање се полива со сирупот од портокал. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Домашен компот од праски.

Сподели: