6 начини за да ги искористите преостанатите белки

6 начини за да ги искористите преостанатите белки

Сте правеле колачи и ви останале многу неискористени белки? Немојте да ги фрлате затоа што ние имаме идеја како да ги искористите. Сигурно знаете дека белките содржат многу протеини, но дали знаете дека тие содржат антибактериски ензими и имаат антимикробни својства? Еве неколку корисни начини за да ги искористите преостанатите белки.

6 начини за да ги искористите преостанатите белки

Исчистете ги кожните предмети

Со помош на белките можете на вашите кожни предмети како чанти или чевли да му го вратите стариот сјај и да ги донесете до совршенство. Едноставно натопете памук во белка и избришете ги чевлите, а потоа истите пребришете ги со чиста крпа.

Направете природно лепило

Белките се многу лепливи и ќе бидат голема замена кога лепилото за хартија ќе ви се потроши. За да го направите ова натопете ја четката со белка и премачкајте го листот кој треба да го залепите.

Декорирајте ги ѕидовите во вашиот дом

Со помош на белките можете да направите боја со која ќе ги украсувате ѕидовите од вашиот дом. Многумина тврдат дека таквите бои се многу потрајни во споредба со вообичаените бои кои се користат. Доколку сакате да го декорирате ѕидот, изматете белки, додадете ја вашата омилена боја и цртајте на вашите ѕидови колку сакате.

Негувајте ги растенија

За да му заблескаат листовите на вашите растенија измешајте белка со млака вода, а потоа со таа смеса премачкајте ги листовите. На тој начин листовите ќе добијат еден заштитен слој.

Користете ги како здрава храна за домашните миленици

Белката е идеална храна за домашните миленици затоа што е богата со протеини, витамини и минерали. Пред да му дадете белка на милениците, задолжително термички обработете ја.

Намалете ја покачена температура

Во традиционалната медицина, белката се користи како народен лек за изгореници и намалување на покачената температура, но се уште науката не ја докажала нејзината ефикасност во таа сфера.

Сподели: