колач со мед

Чоколаден колач со мед

Сликата кажува сè! Сочен чоколаден колач со мед за целото семејство. Супер причина да го направите и да ги поканете пријателите на слатка дегустација и муабет.

За да го направите овој чоколаден колач потребни ви се неколку едноставни состојки, од кои поголемиот дел ги имате во кујната. Па, ако ви се каснува нешто благо, еве нова идеја за чоколаден колач.

чоколаден колач со мед

Состојки:

  • 2 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 150 гр црно чоколадо за готвење (70% какао)
  • 50 гр мед
  • 160 мл млеко
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 50 гр растопен путер
  • 260 гр брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • по потреба шеќер во прав.

Подготовка:

  1. Во длабок сад за матење ставете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер. Изматете ги со миксер додека се добие густа смеса и шеќерот се растопи.
  2. Во смесата со јајцата додајте го медот и растопениот изладен путер. Кратко продолжете со матењето.
  3. Потоа додајте го чоколадото растопено на пареа и млекото.
  4. Брашното измешајте го со прашокот за печиво.
  5. Во смесата со изматените јајца, додајте го брашното и матете со жица за да не останат грутки.
  6. Калапот за печење премачкајте го со малку масло и обложете го со хартија за печење. Истурете ја изматената смеса за чоколадниот колач во калапот.
  7. Печете во загреана рерна на 180 степени за време од 45-50 минути. Испечениот чоколаден колач со мед оставете го да се олади, па посипете го со шеќер во прав. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви предлагаме да прочитате: Чоколаден колач со банани (куглоф).

Сподели: