11 корисни употреби на кората од банана

Богати со хранливи материи, фантастичен вкус и одличен додаток на разни десерти, бананите се едно од омилените овошја на многумина. Но, дали знаете дека можете да ја користите и нивната кора? Еве неколку интересни употреби на кората од банана.

Бананата е главна состојка во кашестите сокови, како во други утрински оброци, но што правите со кората? – Најверојатно завршува во корпата за отпадоци, како и во повеќето домови. Сигурно никогаш не сте ни размислувале за тоа како би можеле да ја употребите. Во продолжение ви откриваме неколку корисни употреби на кора од банана.

корисни употреби на кора од банана

Полирање на чевли

Избришете го чевелот со внатрешноста на кората, а потоа полирајте ја површината со мека крпа.

Нахранете ги цвеќињата

Кората од банана е богата со калциум и магнезиум, кои ќе ја збогатат земјата, па и вашите растенија ќе бидат поздрави и поубави.

Намалете го осипот и чешањето

Внатрешноста на кората нанесете ја на сува кожа или на место каснато од инсект. Тоа ќе помогне да се намали чешањето и црвенилото.

Чисти цвеќиња

Избришете ги лисјата на цвеќињата од прашина и нечистотија со внатрешноста на кората од банана.

Полирајте го среброто

Измешајте ја кората од банана со вода, ставете ја смесата на мека крпа и полирајте го среброто. Вашиот сребрен накит ќе светне.

Ослободете се од штетниците

Имате штетници во дворот и не знаете како да се решите од нив? Ставете кора од банана околу вашата градина за да ги одбиете несаканите штетници и да уживајте во природата.

Избелете ги забите

Бришете ги забите со кора од банана околу две минути, со секое миење. Манганот, магнезиумот и калиумот ќе имаат корисен ефект врз белината на забите.

За модринки и гребаници

Калиумот од кората од банана помага во процесот на заздравување. Ставете кора од банана на удреното место.

Отстранете ги брадавиците

Ставете парче од внатрешната кора од банана на брадавиците и зацврстете со леплива лента. Оставете да делува преку ноќ. Калиумот ќе ја намали брадавицата и ќе спречи нејзина повторна појава.

Збогатете ја водата за наводнување на растенијата

Ставете кора од банана во поголема чинија со вода и оставете ја да стои. Кога наводнувате домашни растенија, направете мешавина од застоена и свежа вода, во сооднос 1:5.

Лекувајте ги акните

Бришете ги акните со внатрешноста на кората околу 10 минути. Остатоците оставете ги на лицето колку што е можно подолго, а би било идеално да се миете непосредно пред спиење. Повторувајте ја постапката секој ден додека не се исчисти лицето.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 добри причини за да јадете банани.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: