пијалаци за брзо слабеење

5 пијалаци за брзо слабеење

Сакате да слабеете додека ја постигнете целта, а притоа да го избегнете јо-јо ефектот кој го предизвикуваат диетите? Здравиот избор на храна и физичка активност прилагодена на вашите желби и можности, се сѐ она што ви е потребно. Но, посакуваниот ефект не би бил можен доколку не сте информирани кои пијалаци ќе го помогнат тој процес. Затоа ве советуваме да прочитате кои пијалаци за брзо слабеење навистина би биле корисни и на ваша страна.

Тајната за губењето на вишокот килограми не се состои само од придржувањето кон одредена диета со храна, исто така тоа зависи и од она што го пиете. Популарните безалкохолни пијалаци, како што се овошните сокови, газирани и енергетски пијалаци содржат големи количини на шеќер и јагленихидрати кои никако не ви одат во прилог на вашата упорност да намалите некој килограм за да ја добиете посакуваната тежина. Доколку не сакате да се соочите со дополнителни проблеми и цврсто сте решени да слабеете, тогаш ви препорачуваме да ги консумирате следниве пијалаци, а тие освен што не содржи празни калории, дополнително може да ви помогнат да го забрзате процесот на слабеење и што поскоро да ја добиете посакуваната фигура.

Вода

Водата е најдобар пијалак за ефикасно губење на вишокот тежина. Без оглед на тоа дали е изворска или минерална, таа секогаш треба да ви биде прв избор на пијалак. За да нема едноличен единствен вкус, може во една чаша вода да додадете парче лимон или краставица и таа ќе добие сосема нов вкус. Се разбира, бројот на калории се уште ќе биде нула.

пијалаци за брзо слабеење

Сок од зеленчук

Сокот од зеленчук е одличен начин за да го обезбедите организмот со потребните влакна и да го забрзате процесот на слабеење. Тој ќе ве засити и нема да почувствувате глад одредено време, а најдобро е да се пие помеѓу оброците. Се разбира добро би било да го подготвувате сами, бидејќи фабричките зеленчукови сокови содржат сол, шеќер и конзерванси.

Незасладен чај

Зелениот чај е докажан пијалак кој го подобрува метаболизмот и го забрзува процесот на елиминирање на вишокот килограми. Покрај него, многу ефикасен е и црниот чај. Тој содржи голема количина на антиоксиданси кои му помагаат на телото да се ослободи од отровите. Исто така, чајот од нане е многу добар бидејќи тој го подобрува процесот на варење на храната. Најдобро е да го пиете по оброкот.

Кафе

Утринската или попладневната шолја црно кафе може да го поттикне губење на килограмите, бидејќи кофеинот кој го содржи може да го потисне чувството на глад. Истражувањата покажуваат дека кафето ја стимулира термогенезата, која го загрева телото и го забрзува согорувањето на калории. Бидете внимателни што и колку додатоци додавате во кафето. Ако морате, тогаш додадете обезмастено млеко и минимални количини кафеав шеќер.

Обезмастено млеко

Млекото е одличен извор на протеини, витамин Д и калциум, кои помагаат да се изгради мускулна маса и да се зачува здравјето на коските. Изберете обезмастено или полу-обезмастено млеко, за да го снабдите вашиот организам со веќе споменатите хранливи материи, и со минимални количини на масти. Една чаша млеко помеѓу оброците е одличен избор за ужина која ќе ве засити до следниот оброк.

Ви препорачуваме да прочитате: Кафето може да биде вкусен пијалак за одржување на витката линија.

Сподели: