Констипацијата е непријатна состојба при која лицата се соочуваат со нередовно празнење на цревата и потешкотии при извршување на дефекацијата. Во продолжение прочитајте неколку природни начини против констипација со кои што може да се ослободите од проблемите со дигестијата на храната.
Има два вида на констипација и тоа акутна, која е краткотрајна и хронична која е долготрајна состојба на констипација. При акутната форма која е пропратена и со некои други симптоми како абдоминална болка, лошење, повраќање, ректално крвавење или ненадејна загуба на телесна тежина, најдобро е да се консултирате со доктор. Сепак, доколку страдате од хроничен запек, треба да се обидете со некој од следниве природни начини против констипација.

Колку „столици“ на ден е нормално да се има?
Нормалниот број на „столици“ е индивидуален и варира кај секоја личност. Некои лица имаат три, па и повеќе „столици“ на ден, додека за други е нормално да имаат само неколку во неделата. Во секој случај, тоа не претставува никаков здравствен проблем. Но, во повеќето случаи пролонгираното „празнење“ на цревата укажува на констипација. Па, доколку не сте се испразниле три или повеќе дена тоа укажува дека има некаков проблем. За тоа време додека немате „столица“, фецесот станува потврд и потешко минува низ цревата, што создава дополнителни проблеми и потешкотии како надуеност и гасови.
Во продолжение дознајте некои од симптомите кои укажуваат на констипација:
- непријатно чувство во долниот дел на абдоменот
- подуеност
- цврста „столица“ или во помала количина
- потешкотии при поминувањето на фецесот низ цревата
- ректално крвавење.
Што предизвикува констипација?
Констипацијата може да биде предизвикана од многу физиолошки и здравствени промени во телото. Дел од нив се:
- стрес
- физичка неактивност
- јадење на премногу млечни производи
- неконсумирање на доволно растителни влакна
- нарушувања во исхраната
- дехидратација
- недоволна консумација на храна со лаксативен ефект
- одредени медикаменти
- употреба на некои антациди
- некои нарушувања на дигестивниот систем
- колоректален канцер
- некои невролошки нарушувања
- хипотероидизам
- бременост
- хормонални нарушувања.
Како на природен начин може да си помогнете против констипацијата?
Во продолжение ви претставуваме 5 природни начни на кои може да се ослободите од констипацијата:
Консумирајте природни масла
Многу природни масла се ефективни во борбата против констипација. Рибиното масло или омега 3 масните киселини, може да ја подобрат дигестијата на храната. Всушност придобивките од консумацијата на маслата богати со омега 3 масни киселини се огромни за целокупното здравје. Па, доколку не консумирате доволно рибино масло преку храната, тогаш треба да изберете некој добар суплемент со врвен квалитет. Масните киселини добиени од рибини масла треба да бидат молекуларно дестилирани, без холестерол и со гарантирано чисти износи на масни киселини во нивната природна форма. А токму такви се омега-3 масните киселини од Now Foods. Овој додаток во исхраната може да го порачате преку онлајн продавницата на Тримекс, со бесплатна достава до вашиот дом или да го купите низ аптеките во Македонија. За сите прашања кои ги имате во врска со користењето на омега-3 масните киселини слободно пишете ни на info@sezahrana.mk или јавете се на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.
Пијте вода со лимон
Сувата „столица“ е најчестата причина за појава на констипација, па доволната консумација на течности може да ја спречи нејзината појава. Течностите во телото ќе ја омекнат „столицата“ и таа полесно ќе помине низ цревата. Во некои случаи само водата не е доволна, па лимоновиот сок ќе го стимулира дигестивниот систем дополнително.
Консумирајте магнезиум
Магнезиумот е чудотворен суплемент. Верувале или не, магнезиумот е вклучен во преку 300 процеси кои се одвиваат во телото, вклучувајќи ја и дигестијата на храната. Повеќе од 80% од луѓето се соочуваат со долгорочни проблеми со „столицата“, само затоа што не консумираат доволно количество на магнезиум во својата исхрана.
Магнезиум има во целозрнестите житарици, бадемите, легуминозите и зелениот лиснат зеленчук. Но, доколку не сте сигурни дека внесувате доволна количина од овој минерал, може да консумирате суплементи со магнезиум. Од суплементите ние ги препорачуваме Magnesium Citrate таблетите и Magnesium меките капсули на Now Foods. Може да ги купите и да прочитате повеќе тука, во поголемите аптеките ширум земјата или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

Употребувајте семиња и растенија
Семињата и растенијата како алое вера, јачмен и ленено семе може во голема мера да ја подобрат дигестијата на храната и со тоа да помогнат во лечењето на констипацијата. Но, доколку сте дијагностицирани со некоја медицинска состојба и земате некои медикаменти, пред да се одлучите да земате било што на своја рака, најпрво консултирајте се со вашиот лекар.
Внесувајте квалитетни растителни влакна
Растителните влакна се ефикасни против констипацијата. Научниците препорачуваат да се консумираат околу 38 грама растителни влакна на ден. На жените им е потребно нешто помалку и тоа околу 25 грама на ден во услови на нормално функционирање на организмот. Но, колку и да консумирате храна богата со растителни влакна, таа нема да ви помогне доколку сте дехидрирани. Па, секогаш консумирајте минимум 8 чаши вода на ден. Прв чекор што треба да го направите кога имате констипација е да го зголемите дневниот внес на течности и растителни влакна во исхраната.
Ви препорачуваме да прочитате: Зошто Omega-3 се нарекуваат масти кои живот значат?
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.