Според многумина, чајот претставува најдобриот пријател на човекот во текот на студените зимски денови. Тоа е така затоа што природните чаеви се богати со антиоксиданси и го зајакнуваат имунитетот, кој ни помага да се бориме против вирусите. Чаевите исто така, помагаат при надуеност, стомачни болки, болки во грлото и за олеснување на кашлицата. А, ако не сте знаеле кои природни чаеви ја ублажуваат кашлицата, ова е одлична прилика да се информирате. Ви ја откриваме листата во текстот подолу.
Кашлицата е симптом за настинка или воспаление на грлото, која настанува како последица на промените на температурата и намалување на имунитетот. Кога имунитетот се намалува, првото нешто што ќе го зафатат вирусите и бактериите е слузокожата на грлото и носот. Па, освен лекови препишани од вашиот лекар, убаво е да знаете дека може да ги намалите симптомите при вирусно заболување и со алтернативен, домашен пристап. Истражувавме и ви издвоивме 5 природни чаеви кои ја ублажуваат кашлицата и ги намалуваат болките во грлото.

Чај од мајчина душица
Мајчината душица е честа состојка во многу сирупи за кашлица. Има силно антибактериско дејство, ја разредува насобраната слуз и ја смирува кашлицата.
Чај од бел слез
Белиот слез долго време се користи за ублажување на болки во грлото и кашлицата. Тоа се должи и е благодарение на високата содржина на слуз, пектин и танини, па ефикасно ги обложува иритираните мукозни мембрани, со што има антиинфламаторно дејство, односно ги смирува воспаленијата.
Чај од ѓумбир
Ѓумбирот има антибактериски својства и помага во ублажување на кашлицата. Чајот од ѓумбир помага за чистење на дишните патишта и го намалува воспалението во грлото, а истовремено и го зголемува имунитетот.
Чај од ловоров лист
Ако имате болки во грлото или кашлица, подгответе си чај или сируп од ловоров лист. Етеричното масло од ловоровиот лист може да се користи за инхалации, а корисно е и за дезинфекција на простороиите во сезона на настинка и грип. Чајот и сирупот од ловоров лист се препорачуваат за зајакнување на имунитетот, за прочистување на дишните патишта и ублажување на кашлица, главоболка и бронхитис.
Чај од жалфија
Жалфијата е лековито растение познато како природен антибиотик. Ја смирува кашлицата, го разградува секретот насобран во бронхиите и носот, и го елиминира чувството на гребење во грлото.
Освен чаевите, како наша препорака за посилен имунитет и полесно оздравување во домашни услови, препорачуваме суплементација со Бета глукан
Имунитетот е главна одбрана на организмот од вируси, бактерии и други причинители на болести и инфекции кои може да го нарушат здравјето. Кога имунитетот е ослабен, не може да се бори со микроорганизмите кои го напаѓаат и организмот станува подложен на настинки и грип. А за да го зајакнете вашиот имунитет, покрај здравата и балансирана исхрана, може да користите и додатоци во исхраната.
Како најпогоден за оваа намена, топло го препорачуваме NOW Beta-1,3 / 1,6-D-Glucan (Бета – Глукан) од Тримекс. NOW Beta-1,3 / 1,6-D-Glucan е биоактивен јаглехидрат добиен од клетoчниот ѕид на Saccharomyces cerevisiae, познат како квасец. Бета глуканот добиен од квасец може да влијае на одредени имунолошки клетки. За дополнителна поддршка, NOW Бета-Глукан може да се меша со маитаке печурки. Освен за јакнење на имунитетот, NOW Beta-1,3 / 1,6-D-Glucan се користи и при:
- висок холестерол
- дијабетес
- автоимуни заболувања
- вирусни, бактериски, паразитски и габични инфекци
- хроничен замор.

Повеќе информации за Beta-1,3/1,6-D-Glucan прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може да го нарачате. Исто, овој додаток во исхраната може да го набавите во поголемите аптеки ширум земјата. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk
Ви препорачуваме да прочитате: 8 едноставни совети за силен имунитет во зима.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.