растителни масла за нега на кожата

5 растителни масла за нега на кожата

Во последно време акцентот во козметичката инсустрија е ставен на природните масла за нега на кожата. Но за жал, природната и органска козметика е скапа и тешко достапна. Затоа ние ви предлагаме да ги користите растителните масла за нега на кожата кои се лесно достапни и без несакани ефекти.

Убавината доаѓа од природата. Таа ни дава се што ни е потребно за нега, убавина и здравје. Па време е се тоа да го искористиме и да ги почувствуваме на своја кожа сите благодети кои ни ги нуди таа.

Растителни масла за нега на кожата

Арганово масло за еластична кожа

Според мислењето на научниците, аргановото масло благотворно влијае на кожата на жените кои се во менопауза. Неговата секојдневна употреба може да ја зголеми еластичноста на кожата за само 60 дена. Ова мaсло ја подобрува способноста на кожата да ја задржува влагата и со тоа ја прави помека и посјајна.

Маслиново масло за чувствителна кожа

Маслиновото масло е одлично за отстранување на шминка. Се препорачува да се промеша со масло од чајно дрво. На тој начин не само што ќе ја отстраните шминката, туку и темелно ќе ја исчистите кожата и ќе ги ублажите воспалителните процеси. Па така, во една лажица маслиново масло додајте 3-4 капки масло од чајно дрво и нанесете го на чисто лице.

Бадемово масло за хидрирана кожа

Благодарение на витамините Е и К, бадемовото масло и помага на кожата побрзо да се регенерира и ја прави поеластична. Ова масло претставува природна заштита од ултравиолетовите зраци, бидејќи има заштитен фактор 4,6. Тоа, не само што ја отстранува шминката, туку и ја хидрира и ја храни кожата.  Се препорачува да се меша во еднакви делови со млеко, бидејќи оваа комбинација магично делува на кожата.

Масло од семки од грозје за млада кожа

Ова масло е едно од најбараните во козметичката индустрија. Се користи како основа за кремови, лосиони и маски. Содржи многу витамини и масни киселини како палмитинската киселина која помага во создавањето на колаген и еластин, стеаринската киселина која штити од сонце и линолна киселина која претставува моќен антиоксидант.

Кокосово масло за сите типови на кожа

Кокосовото масло се употребува на ист начин како и маслиновото. Тоа е нежно, па им одговара на сите типови на кожа. После неговото нанесување, вашето лице ќе изгледа свежо и одморено.

Ви предлагаме да прочитате: Како да направите домашно бадемово масло за нега на кожа?

Сподели: