масло од бадеми

Како да направите домашно бадемово масло за нега на кожа?

Бадемите се мошне хранливи намирници кои треба секојдневно да се присутни на нашето мени. Тие не само што се добри за нашето здравје, туку се корисни и за убавината на кожата. Не треба да се заборави и маслото кое има бројни благодети, а во продолжение дознајте како да направите домашно бадемово масло за нега на кожа.

Исончанта кожа бара дополнителна нега, а бадемовото масло е идеално за таа намена. Тоа има силни антиинфламаторни особини, па затоа има способност да ги ублажи осипите и кожните алергии, а го помага и процесот на зараснување на некои помали рани. Поволно делува и против акни и митесери. Има силни хидратантни својства, содржи витамин Е и ја нормализира pH вредноста на кожата, ги ублажува темните дамки и го спречува настанувањето на стрии. Бадемовото масло во комбинација со некои етерични масла помага во ублажувањето и на некои здравствени проблеми и тегоби. Така, во комбинација со масло од рузмарин ја подобрува циркулацијата.

масло од бадеми

Како да направите домашно бадемово масло?

Потребни состојки:

  • 1 чаша непечени бадеми
  • 2-3 лажици маслиново масло.

Начин на подготовка и употреба:

  1. Најпрво бадемите исчистете ги од лушпата и исечкајте ги на крупни парчиња.
  2. Потоа, парчињата бадеми додајте ги во блендер или кујнски апарат за сечкање. Важно е да користите моќен блендер. Во спротивно, бадемите измелете ги крупно со рачна мелница и ставете ги во блендерот. Блендирајте така што постепено ќе ја засилувате брзината на блендерот.
  3. Во измелените бадеми додајте го маслиновото масло и блендирајте уште кратко време.
  4. Штом смесата од бадеми и масло ќе добие фина и кремаста структура, извадете ја од блендерот. Складирајте ја во чиста тегла со капак, на собна температура околу две седмици. За тоа време, маслото ќе се одвои од парчињата бадеми и ќе биде спремно за употреба.
  5. Маслото треба да се нанесува на чиста кожа за да може да продре во секоја пора на телото.

Ви препорачуваме да прочитате:  Бадеми – една од најзадвите намирници во светот.

Сподели: