Постојано сте напнати и нервозни? Имате чувство дека ви трепери телото или сте соочени со некој животен предизвик? – Тоа е сосема нормална појава за која постојат лесни решенија. Доволно е да следите неколку добри совети за лесно надминување на нервозата и ослободување од напнатоста.
Нервозата е природен одговор на некоја животна ситуација. Преку неа телото и умот ни кажуват дека не сме целосно спремни за предизвикот кој е пред нас. Во тој случај, многу често даваме сѐ од себе. Меѓутоа, кога нервозата ќе се појави без никаква особена причина и во поголема мера во однос на ситуацијата во која се наоѓаме, или е целосно ирационална, можеби не станува збор за вистинска нервоза, туку за анксиозност. Во секој случај, кога се третира на правилен и соодветен начин, оваа состојба може да биде лесно контролирана или барем не толку непријатна. Вклучувањето на свесноста во секојдневниот живот, самонабљудувањето и саморазбирањето претставуваат траен пат за надминување на многу непријатни ситуации и состојби во животот.

Што е нервозата и што ја предизвикува?
Нервозата е природна реакција на стресни, непознати или иритирачки ситуации. Претставува дел од природниот, еволутивен механизам кој ни помага да се носиме со предизвиците и да ги преживееме, давајќи го својот максимум. На пример, кога ја менуваме работата, имаме јавен настап, па дури и кога одиме на лекар – нормално е да почувстуваме мала доза на нервоза. Кога сме соочени со такви околности, како одговор во телото се лачат стрес хормони. Обично, ситуациите во кои треба да дадеме „сѐ од себе“ се најчеста причина за нервоза.
Состојбите на нервоза или напнатост може да се појават од време на време, во зависност од животните предизвици и околностите. Меѓутоа, овие состојби може да бидат и знак за некој друг подлабок проблем, како на пример анксиозност и хроничен стрес.
Симптоми на нервоза се:
- сува уста
- потење
- краток здив
- треперење
- топли и ладни бранови
- внатрешен немир
- грчеви
- мускулна напнатост
- проблеми со концентрацијата.
Што може да помогне за надминување на нервозата?
Постојат неколку чекори кои може да се преземат со цел надминување и контрола на нервозата.
Променете го погледот кон нештата
Можеби ќе биде од помош да знаеме дека иако често нервозата која ја чувствуваме мислиме дека е видлива за другите, тоа обично не е случај. Нервозата никогаш не изгледа толку лошo колку што субјективно се чувствуваме. Често се случува, кога сме сигурни дека сите забележале дека сме нервозни, околината всушност нѐ доживува стабилни и самоуверени.
Позитивен ментален став
Не треба да се лутиме на себе си кога сме нервозни. Треба да се присетиме дека тоа е нормална реакција поврзана со чувство на страв. Стравот, од друга страна, ни кажува дека сме соочени со некој предизвик, како и, дека пред нас е нешто непознато. Малата доза на страв е добар механизам на себе заштита и начин внимателно да ги поминеме потешките животни ситуации.
Дајте си поддршка сами на себе
Кога се фокусираме само на негативните ефекти на нервозата, дополнително ги зајакнуваме. На тој начин го зголемуваме стравот и нервозата. На пример, пред некој јавен настап си велиме дека нервозата нѐ блокира, што ако заборавиме сѐ – само дополнително си создаваме нервоза. Но, ако и речиме дека сме нервозни оти сме соочени со предизвик и дека ќе дадеме сѐ од себе, ќе му помогнеме на мозокот во тој момент да се разбуди, но и да се опушти.
Промена на ритамот на дишење
Промената на ритамот на дишење при напнати ситуации директно влијае на нервниот систем. Ако, кога сме нервозни, успееме да дишиме низ нос и да го успориме дишењето, особено да го продолжиме издишувањето во однос на вдишувањето, ќе забележиме моментално олеснување. Вежбите за дишење кои се користат во јогата, како што се задржување на воздухот и дијафрагмално дишење се многу силни средства за брзо опуштање.
Земете додатоци на исхраната
За дополнителна помош и намалување на нервозата, ви препорачуваме да земате цинк како додаток на исхраната. Нашите пријатели Тримекс повторно го имаат на располагање L-OptiZinc, високо биорасположлива форма на додаток на исхраната. L-OptiZinc® е форма на комплекс на цинк со аминокиселината метионин. Цинкот е одговорен за над 300 ензимски реакции во организмот. Важен е во апсорпција на витамин А и одржување на нормално ниво на витамин Е во организмот, за силен имунолошки систем, за добра функција на половиот систем кај мажи и жени, за простата, потенција и неплодност, стимулира и штити од алергии и кожни болести како псоријаза. Недостигот доведува до депресивни симптоми, мускулна атрофија, ниско ниво на тестостерон.
Предности на L-OptiZinc:
- содржи бакар
- супериорна апсорпција и задржување
- супериорни антиоксидантни својства
- супериорна клеточна заштита
- здрав вид и нормална когнитивна функција
- здрава кожа, коса и нокти
- имунолошка поддршка.

Освен цинк, од голема корист ќе ви бидат и ашваганда и бета глукан.
Ashwagandha е билка која многу се користи во Ајурведа, традиционалниот хербален систем во Индија. Се употребува како општ тоник и „адаптоген“, помагајќи му на организмот да се прилагоди на привремен нормален стрес. Покрај тоа, ашвагандата поддржува здрав имунолошки систем и ги елиминира слободните радикали.
NOW Beta-1,3 / 1,6-D-Glucan е биоактивен јаглехидрат добиен од клетoчниот ѕид на Saccharomyces cerevisiae, познат како квасец. Бета Глуканот добиен од квасец може да влијае на одредени имунолошки клетки. NOW Beta-1,3 / 1,6-D-Glucan го јакне имунолошкиот систем и корисен е при хронични болести, дијабетес и разни инфекции.
Производите може да ги нарачате од онлајн продавницата на Тримекс и да ги добиете со бесплата достава. Истите се достапни и ви повеќето аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Ви препорачуваме да прочитате: Цинк – здравствени придобивки и симптоми на недостаток.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.