железо во крвта

5 едноставни начини да го зголемите нивото на железо во крвта

Често ве прашуваат: „Блед/а си како крпа, дали ти е добро?“. На многу луѓе, ова прашање им е добро познато. Тогаш помислувате дека уште тоа ви фали покрај уморот, главоболките, малата концентрација и недостатокот на сон. Ако и покрај тоа, забележите дека косата ви се истенчува, крајно време е да признете дека имате доволни симптоми, кои укажуваат дека имате недостаток на железо во крвта. Но, дали знаете дека со промена на навиките и примена на овие 5 едноставни начини може да го зголемите нивото на железо во крвта?

Но, важно е да знаете дека нема потреба да правите многу промени на навиките. Овие совети ќе ви помогнат да го вратите потребното ниво на железо без да направите поголеми промени вашата секојдневна исхрана.

Напијте се какао

Штом станете наутро, во огледалото ја гледате вашата бледа слика? Наместо кафе, со појадокот сварете си какао. Ако пак, сте голем љубител на кафето, додајте какао во истото или пак напијте се малку покасно. Покрај тоа, сигурно со голема сласт би изеле парче црно чоколадо, но важно е тоа да содржи 70 до 85% какао. Засладете ги топлите напитоци со коцка чоколадо или озалажете се за ужина.

нивото на железо во крвта

Задолжително вклучете ужина

Кој не сака ужина? Таа го намалува гладот, а може да биде слатка и да се чува во чантата или џепот. Добитна комбинација во овој случај се сувите кајсии, сливи, бадеми, ореви, лешници, семки од тиква или сончоглед, а може и мало парче црно чоколадо.

Може да ве интересира: 3 причини да јадете семки од тиква.

Направете си смуди за зајакнување на крвта

Сигурно се прашувате што може да ви помогне, а да може да го понесете на работа или на школо. Имаме решение и за тоа. Изберете цвекло, моркови, јагоди, спанаќ, кељ, сушена мајчина душица, магдонос, овесни снегулки и ленено масло. Од овие состојки направете си смуди, а вкусот подобрете го со мед, цимет, ѓумбир или какао. Железото од овој шејк, совршено ќе се поврзи со витаминот Ц кој го содржи зеленчукот. Додатокот на ладно цедено масло од ленено семе ќе го збогати смудито со минерали како манган, калиум, калциум, железо, магнезиум, цинк и селен. Притоа, при купување изберете квалитетно ладно цедено масло од ленено семе. Ние можеме да го препорачаме ладно цеденото масло од лен од Фила, кое може да се најде во поголемите маркети низ Македонија или во нивната онлајн продавницата, каде што е достапно во две пакувања и тоа ленено масло од 250 мл и ленено масло од 500 мл со најповолни цени. Направете ја вашата супер комбинација за забрзување на метаболизмот и зголемување на енергијата. А кога сме кај тоа имаме супер рецепти:

Пијте вода збогатена со капки од коприва

Сигурно многу пати сте слушнале дека треба да се пие 2 до 3 литри вода на ден. Па, ако веќе ја имате оваа навика, тоа може да го искористите за подобрување на железото во крвта. Она што ви се потребни се капки од коприва, кои може да ги набавите во аптеките. Во шишето со вода ставете 10 до 20 капки коприва и уживајте во еликсирот кој ја подобрува крвта. Дознајте зошто се вели дека семето од коприва е најдобар природен лек за крвта.

Ручекот започнете го со чаша црно вино

Штом се враќате дома после напорниот ден, сигурно имате потреба од оброк богат со железо. Пратете смс на вашата драга личност или порачајте од ресторан, џигери или морски плодови и послужете ги со многу зелена салата и домати. И не заборавајте со ручекот да се напиете чаша црно вино.

Лесно е, зар не?

Ви предлагаме да прочитате: 5 најдобри извори на железо.

Сподели: