5 зачини кои го чуваат здравјето 1

5 зачини кои го чуваат здравјето

Речиси и да не може да се замисли ниту една трпеза без нивното височество, зачините. Разни вкусови за уживање кои му даваат ноти на неодоливост на јадењата, а плус се корисни за телото и го лекуваат. Ви издвоивме 5 зачини кои го чуваат здравјето, па ви препорачуваме да ја прочитате нашата листа.

Може да ве интересира: 5 лековити зачини кои мора да ги имате во вашата кујна.

5 зачини кои го чуваат здравјето 2

Кајенска пипер за лечење на реума

Овој зачин е направен од најлутите и најпикантните пиперки во светот. Нивниот пикантен вкус совршено се комбинира со јадења од месо или грав. Може да се користи и како додаток на топло чоколадо. Кајенската пиперка содржи капсаицин кој има аналгетски својства, па затоа може да се користи за ублажување на ревматските болки.

Шафранот претставува извор на витамини, минерали и е природен антидепресив

Иако шафранот е најскап зачин во светот, тој е многу ефикасен во борбата против депресијата. Најчесто се додава во јадења од ориз, риба и морски плодови. Шафранот е богат извор на магнезиум, железо, калиум, калциум, цинк и селен. Исто така содржи многу антиоксиданси, благодарение на кои поседува антидепресивни и антиканцерогени својства.

Ванилата го подобрува апетитот

Поради својата пријатна арома и вкус, најчесто се додава во колачи и десерти, како и во ликери и чоколада. Овој зачин има моќ да го подобри апетитот и дигестијата на храната. Сепак, не треба да се претера со употребата на ванила, бидејќи може да предизвика главоболка.

Кардамонот е природен лек против проблеми со дигестијата на храна

Кардамонот е ценет зачин благодарение на својот ароматичен вкус кој потсетува на лимон. Совршено се вклопува во јадења со харинга, месо и кисели краставички. Покрај неговиот пријатен вкус и арома, тој може да помогне против проблемите поврзани со дигестијата на храната, гастритис, па дури и кај некои видови на колоректален канцер. Овој зачин исто така го забрзува метаболизмот, а помага и против лоша миризба на усната празнина и здивот.

Анасонот го намалува стресот и го подобрува варењето на храната

Поради неговиот специфичен вкус, овој зачин е незаменлив додаток во медењаците, благите пунчеви и компотите. Совршено го надополнува вкусот и на некои специјалитети со риба и дивеч. Покрај неговите вкус и мирис, овој зачин го подобрува варењето на храната и го регулира апетитот.

Ви препорачуваме да прочитате: 3 омилени зимски зачини кои го чуваат здравјето.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: