5 здрави навики кои го забавуваат метаболизмот ако се претера со нив 1

5 здрави навики кои го забавуваат метаболизмот ако се претера со нив

Иако одредени навики ги сметаме за здрави, тие сепак го забавуваат метаболизмот, а посебно ако се претера со нив. Кој би рекол, нели?! – Воопшто не е изненадувачки фактот што се почесто слушаме дека одредени навики за кои со години сме мислеле дека се здрави, се дури и штетни по здравјето. Во таа насока, прочитајте повеќе за 5-те здрави навики кои го забавуваат метаболизмот и како да постапите во одредени ситуации.

Често пати слушаме дека брзиот метаболизам е клучот за добро здравје и витка линија. Така, повеќето луѓе под поимот метаболизам ја подразбираат способноста на телото да ги искористи маснотиите како енергија наместо да ги складира. Но, добриот метаболизам е всушност многу повеќе од тоа и самиот процес е многу посложен. Метаболизмот ги вклучува сите хемиски реакции кои се случуваат во нашите клетки. Без здрав и функционален метаболизам, клетките не можат да ја добијат потребната енергија за да се одржат во живот. За среќа, нашите тела не престануваат да метаболизираат, освен ако не престанеме да дишеме. Меѓутоа и метаболизмот како и се друго, може да се оштети. Нездравиот метаболизам доведува до многу сериозни заболувања како што се: дијабетес, проблеми со дишењето, летаргија, когнитивен пад, нестабилно ниво на шеќерот во крвта итн. Проблемите со метаболизмот најчесто ги предизвикува стресот. Но, и многу други фактори може да влијаат на неговата правилна функција. Во продолжение дознајте кои „здрави навики“ му штетат на вашиот метаболизам.

5 здрави навики кои го забавуваат метаболизмот ако се претера со нив 2

Несоодветни диети

Неефективноста на диетите се должи на тоа што поголемиот број од нив се фокусирани на тоа да се направат одредени ограничувања во исхраната, а не промени. Со други зборови, диетите не не учат како да направиме суптилни промени во исхраната, како на пример да внесуваме повеќе протеини, а помалку јаглехидрати. Тие се насочени кон рестриктивно намалување или елиминирање на целокупната исхрана која е всушност горивото на нашето тело. Па затоа, наместо да практикувате ригорозни диети насочете се кон здрави промени во вашиот животен стил на долг рок.

Хидрирање само со вода

Иако хидратацијата е од огромна важност за целокупното здравје, сепак советот да се пијат 8 чаши чиста вода секој ден е погрешен. Телото е комплексен систем кој се потпира врз стабилен прилив на здрави витамини, хранливи материи и други елементи. Па затоа, доколку во водата додадете малку морска сол или лимонов сок ќе ја направите многу подобар избор за хидратација на телото отколку да пиете само чиста вода.

Преголема рестрикција на внесот на натриум

Неоспорен е фактот дека мора да се внимава на внесенатаколичина на натриум. Американското здружение за срце препорачува 1500 мг сол дневно. Сепак натриумот игра клучна улога во одржувањето на метаболизмот, намалување на хормонот на стрес и го потпомага доброто варење. Подобар пристап е да се ограничи внесувањето на сол преку намаленото консумирање на преработена храна.

Преголема консумација на суров зеленчук

Тука воопшто не станува збор за тоа дека зеленчукот не е здрав и дека не треба да се консумира. Ова се однесува само на преголемата консумација на суров зеленчук. Зеленчукот е еден од најважните извори на витамини и хранливи материи. Тој исто така, содржи многу малку калории и натриум, а поголем дел не содржи масти. Но, суровиот зеленчук содржи голема количина на целулоза. Нашиот дигестивен систем не е наменет да метаболизира многу големи количини од ова соединение. Тоа може да доведе до проблеми со дигестивниот систем и да го забави метаболизмот.

Преголема консумација на растителни влакна

Растителните влакна се важна хранлива материја за нашето тело, особено за правилна работа на дигестивниот систем. Сепак, преголемата консумација на влакна може да ја спречи апсорпцијата на некои други важни хранливи материи, како резултат на што се забавува метаболизмот.

Ви препорачуваме да прочитате: 6 намирници за побрз метаболизам.

Сподели: