лековити растенија

5 лековити растенија кои треба да ги имате во вашиот дом

Разубавете го вашиот дом со декоративни и лековити растенија кои може да го прочистат воздухот, а имаат и низа на здравствени придобивки. Следните пет лековити растенија треба да имате во вашиот дом!

Домашниот папрат го прочистува воздухот

Домашниот папрат го прочистува воздухот во вашиот дом, така што ги неутрализира од штетните ефекти на токсините. Загадувачи кои најчесто се наоѓаат во затворениот куќен простор се: азбест, пестициди, детергенти, чадот од цигари и мувла. За ефикасно да го прочистите воздухот, во домот одгледувајте две или три саксии со папрат, распоредени со извесно растојание помеѓу нив.

Лавандата го ублажува стресот

Таа се користи како природен седатив за ублажување на стресот и напнатоста. Едноставно додајте малку сушена лаванда како додаток во вашата купка, а тоа ќе ви овозможи идеална ароматерапија, која ќе ве релаксира. Покрај купка, можете да додадете лажичка листови и цветови од лаванда во врела вода за да добиете чај кој ќе ве смири и релаксира. Истражувањата покажуваат дека мирисот на лаванда го намалува високиот крвен притисок и позитивно влијае врз организмот.

лековити растенија

Алое вера ја намалува болката и отокот

Алоето содржи различни состојки кои ја ублажуваат болката, воспалението, отокот, црвенилото и чешањето. Потребно е само да пресечете лист од алое вера и со нејзиниот гел да се намачкате на болното место. Тоа ќе го забрза заздравувањето и ќе спречи појава на инфекции во оштетената кожа.

Нането помага при стомачни проблеми

Чајот од нане може да се користи за ублажување стомачни мачнини. Едноставно, во вода што врие додајте неколку сушени лисја од нане и испиете го по половина час. А свежите листови од нане може да ви помогнат за да имате свеж здив.

Магдоносот ги ублажува алергиите

Магдоносот може да помогне во спречување од секреција на хистамини, соединенијата кои предизвикуваат алергии и поленска треска, а исто така е одличен диуретик. Две лажици сушени листови од магданос додајте во  врела вода, почекајте десет минути и испиете го како чај (не засладен).

Сподели: