5 начини како да ги избегнете утринските мачнини при бременост 1

5 начини како да ги избегнете утринските мачнини при бременост

Ги живеете најубавите моменти од вашиот живот, чекате бебе, а утринските мачнини не ви даваат мир. Ако не сте пробале досега со овие методи, еве добра прилика да ги спречите.

Може да ве интересира: 3 здравствени причини и 2 совети зошто е важна водата при бременост.

5 начини како да ги избегнете утринските мачнини при бременост 2

Чај од ѓумбир

Ништо не делува подобро против утринските мачнини од чај од ѓумбир. Во западните земји може да се најде чај од ѓумбир во филтер ќесички, а вие може да припремите и од свеж. Едноставно исечете плочки од ѓумбир и кратко проварете ги во вода која врие.

Чајот од камилица или нане, со додаток на свежо цеден сок од лимон, исто така ги олеснува утринските мачнини.

Масирајте ги рачните зглобови

Звучи чудно, но пробајте за време на мачнините да ја откриете точката која помага. Тоа е на околу 3 см оддалеченост од зглобот на дланката, на „празно“ место помеѓу лигаментите на раката и лесно да притисните со прстите додека броите до десет. Повторете го тоа три до пет пати или додека мачнината престане.

Витамин Б

Истражувата покажале дека жените кои 3 пати дневно земаат суплементи – витамини од групата Б, имаат помалку или воопшто немаат мачнини. Во секој случај, што и да земате, немојте тоа да биде на сопствена рака, туку секогаш консултирајте се со вашиот лекар.

Пијте течности

Водата е најдобар лек. Жените кои пијат чаша вода на секој час имаат многу помалку мачнини од оние кои не земаат течности. Напијте се чаша вода секој пат кога можете.

Мраз

Ако повратите се што сте изеле, пробајте со мраз. Замрзнете ситно или исечкано овошје и измешајте го со коцки мраз. Полека изедете го, така ќе го надополните изгубениот шеќер кој сте го изгубиле при повраќањето, а коцките мраз ќе ве чуваат од дехидратација.

Ви препорачуваме да прочитате: Совети за здрава исхрана за време на бременост.

Сподели: