5 трикови за совршено печење со меко месо и крцкава кожа 1

5 трикови за совршено печење со меко месо и крцкава кожа

Празничното новогодишно мени не би можело да помине без руска салата и совршено печење на кое целото семејство традиционално му се радува! Ако сте понова домаќинка или едноставно сакате да го подобрите своето готвење прочитајте кои 5 трикови помагаат за да имате идеално крцкаво и сочно месо на трпезата.

Кога веќе сме кај оваа тема, добро би било да ве потсетиме на уште една корисна содржина на тема „Како да спремите месо „под вршник“ во рерната“.  Се надеваме вашата трпеза ќе биде најубава и највкусна, па, да започнеме по ред.

5 трикови за совршено печење со меко месо и крцкава кожа 2

Посолете го месото вечерта пред да го печите

Ако го посолите месото непосредно пред печењето, веројатно ќе имате месо со солена кожа и безвкусна средина. Наместо тоа, добро посолете го парчето свежо месо и оставете го во фрижидерот преку ноќ, за солта да навлезе што повнатре.

Отстранете ја целата влажност од месото

Најдобри резултати ќе постигнете ако во рерната ставите да се печи месо кое претходно било на собна температура. Затоа, добро би било посоленото парче месо да го извадите од фрижидерот барем 1 час или половина час пред печењето и даго оставите на собна температура. Со тапкање со крпа отстранете ја евентуално заостанатата течност на кожата, па по печењето таа ќе биде крцкава.

Загарантирајте ја крцкавоста на кожата

Со нож, внимателно засечете ја кожата во длабочина од неколку милиметри и должина од по 2 см, па ставете го месото да се печи во претходно загреаната рерна. На овој начин, маснотијата ќе излезе преку површината на месото, а кожичката ќе биде крцкава и вкусна.

Не заборавајте на налевањето

Бутот или плешката обично се ставаат во длабок плех за печење со зачини, масло и коренест зеленчук, па при печењето се налеваат со сокот кој се исцедил од месото. Така, ако сакате вашето совршено печење да има прекрасна арома, налевајте по малку пиво врз месото на секои 15 минути.

Обратно печење

Крцкавата кожа и мекото месо, можете да ги постигнете ако парчето месо го ставите директно на решетката од рерната на обратни начин, а под него долу поставите плех за печење. Директната изложеност на кожата на топол воздух ќе ја загарантира крцкавоста. Кожата ќе го заштити месото од претерана термичка обработка, а целиот вишок на маснотија ќе се исцеди во плехот за печење.

Ви препорачуваме да прочитате: 8 чекори како да направите совршено вкусна мисирка за Божик како Џејми Оливер.

Сподели: