ефекти од вкусната диња 1

5 oдлични ефекти од вкусната диња за организмот!

Вкусната диња поседува огромна количина на витамин А кој е неопходен за добар вид и тен, како и витамин Ц. Заедно, овие два моќни антиоксиданси го штитат телото од кардиоваскуларни болести и стареење.

Може да се каже дека и да ја јадете во големи количини, тоа може да го правите без страв дека ќе се здебелите. Дињата е погодна храна и за луѓето со вишок килограми, во 100 грама има само 34 калории и мала количина на шеќер без оглед колку е блага. А како „јаготка на шлагот“ од нејзините својства мора да го истакнеме високиот процент на вода, кој е некаде околу 91 грам вода во 100 грама диња.

ефекти од вкусната диња 2

Има добитна комбинација на витамини и минерали за добра форма

Во изобилство го има витаминот А кој е неопходен за добар тен и вид (претежно видот „ананас диња“), како и витамин Ц, кои, како што спомнавме и погоре се одлични за организмот. Дињата е богата со разни витамини, како што се тиамин, ниацин, витамин Б6, фолати, пантоненска киселина. Од минералите содржи: железо, магнезиум, бакар, калиум, манган, фосфор.

Помага во борбата против рак

Некои нови истражувања тврдат дека бета каротенот од дињата помага во борбата против канцер на белите дробови, но и кај рак на грлото на матката, желудникот и на грлото на матката.

Содржи растителни влакна

Растителните влакна делуваат поволно во чистењето на организмот од штетните материи и претставуваат прекрасен лек за лечење на надуеност.

Содржи висока количина на калиум

Калиумот го има до 300 милиграми во 100 грама диња, а му помага на организмот да се ослободи од вишокот натриум и на тој начин го намалува крвниот притисок. Секако дека ефектот од дињата би се постигнал доколку се јаде поредовно. Истовремено, водата и калиумот од дињата ја стимулираат работата на бубрезите и отстранувањето на штетните материи.

Содржи висока количина на вода

Во народната медицина овој плод претставува лек, освежување за летните денови и ароматичен плод кој овозможува психичко смирување. Посебно се препорачува после обилно потење, затоа што органзмот ги надополнува потребните минералите и изгубената течност.

Се користи и како „лек“

Во народната медицина дињата ја користеле и против воспаленија на жолчката и на уринарниот тракт, како и при убоди од инсекти и за ублажување на изгореници. За ваквите намени се користат облоги од исцеден сок од диња, исечени парчиња или пак кората се става на болното место.

Ви препорачуваме да прочитате: Топ 7 здравствени придобивки од консумацијата на диња.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: