6 здравствени придобивки од брусницата

Кога ќе слушнете брусница, можеби прво ве асоцира на празници, но постојат многу причини за да ги консумирате преку целата година. Замрзнати, сушени или во вид на сок, малите црвени бобинки нудат многу здравствени придобивки за организмот. Избравме 6 здравствени придобивки од брусницата кои вреди да ги знаете.

Свежата брусница има речиси 90 проценти вода, а остатокот е најмногу јаглехидрати и растителни (диетални) влакна. Во 100 грама брусница има 0.4 грама протеини, 12 грама јаглехидрати од кои 4 грама се шеќери, 4.6 грама диетални влакна и 0.1 грам масти. Енергетската вредност изнесува 46 килокалории. Сега, кога го дознавме нутритивниот состав на брусницата, време е да прочитаме и за што е здрава.

здравствени придобивки од брусницата

Помага за поуспешно лекување на инфекции на уринарниот тракт

Во една студија од универзитетот МекГил во Канада бил проучен ефектот на екстрактот од брусница врз бактериите кои предизвикуваат инфекции на уринарниот тракт, пневмонија и гастроентеритис. При третман со антибиотици, бактериите станале отпорни на ефектите на антибиотикот. При овој експеримент, научниците додале екстракт од брусница и забележале дека брусницата го засилува ефектот на антибиотиците кај испитуваните бактерии. Утврдиле дека екстрактот ги прави ѕидовите на бактериските клетки повеќе пропустливи за антибиотиците. На тој начин, на бактериите им било потребно повеќе време за да го истиснат антибиотикот.

Кога сме кај уринарните инфекции, сигурно сте слушнале дека брусница е храна број 1 која се препорачува. Ја спречува можноста бактериите да се залепат на ѕидовите на уринарниот тракт и така ги превенира инфекциите. Овој начин на природна одбрана се случува и во желудникот со што се спречува појавата на улцери (чирови), а исто и во устата со што се превенираат болести на непцата.

За подобро уринарно здравје ви препорачуваме Cranberry CapsCranberry Caps е концентрат од брусница од водечката фирма за суплементи на природна основа NOW FOODS. Тоа е најмоќна достапна брусница на пазарот со максимална концентрација на брусница во својот состав – 700 mg (8:1) што е еднакво на 5600 mg свежа брусница. Овој додаток во исхраната може да се најде во поголемите аптеки, да се порача преку онлајн продавницата на Тримекс или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

6 здравствени придобивки од брусницата

D-Mannose против чести уринарни инфекции

Речиси непозната кај нас, Д-манозата е производ број 1 за третман на уринарни инфекции во светот. Доколку страдате од чести инфекции на уринарниот тракт и мочниот меур, пиете антибиотици, но инфекциите се повторуваат, а увиниот чај не помага, тогаш Д-манозата може да биде вистинското решение за вас.

Д-манозата е вид на едноставен шеќер по хемискиот состав сличен на глукозата, која се добива од природните сокови на одредени видови овошја, растенија и габи. Природно се наоѓа во брусницата, боровинките, праските, портокалите и јаболката. Сигурно имате слушнато за позитивните ефекти на брусницата при третман на уринарни инфекции. Тоа се должи на присуството на Д-маноза во брусницата.  Дејството на Д-манозата е 10 до 50 пати појако во споредба со сокот од брусница. 

Прочитајте повеќе за Д-манозата како природно решение за повторувачки уринарни инфекции.

Има антиинфламаторно дејство и богата е со антиоксиданси

Како и другите бобичести овошја, така и брусницата има голема количина на антиоксиданси. Всушност, кога станува збор за овошјето, брусницата е рангирана веднаш под боровинката по содржината на антиоксиданси. Исто така, брусницата делува антиинфламаторно. Истражувањата покажале дека лицата кои консумираат повеќе брусница, имаат помало ниво на Ц – реактивни протеини и подобра крвна слика. Што е најважно, лицата кои во својата исхрана користат брусница, имаат помал ризик од предвремено стареење, хронични болести и проблеми со помнењето.

Ја забрзува циркулацијата на крвта

Брусницата ја подобрува еластичноста на крвните садови и на тој начин ѝ овозможува на крвта побрзо да тече и да циркулира. Забрзаната циркулација овозможува намалување на крвниот притисок, го забрзува метаболизмот и ја подобрува когнитивната функција.

Штити од разни болести

Постојат докази дека сокот од брусница го штити срцето така што ги намалува лошиот холестерол, триглицеридите и инсулинската резистенција. Одредени нутриенти во брусницата имаат моќ да го успорат растот на тумори на дојката, цревата, белите дробови и простатата.

Брусницата е поддржувач на дигестивниот систем

Истражувањата покажале дека консумирањето на брусница може позитивно да влијае на здравјето на дигестивниот систем и да ја подобри цревната флора. На тој начин го зајакнува имуниот систем, го подобрува расположението и дигестијата. Растителните влакна кои се наоѓаат во брусницата штитат од констипација и го подобруваат здравјето.

Помага во зајакнување на имунитетот

Брусницата содржи витамин Ц кој го зајакнува имунитетот и е важен за создавањето на колаген. Игра важна улога во здравјето на кожата и зглобовите, и помага за нивно побрзо заздравување.

Совет плус: За да ги искористите сите придобивки, консумирајте 100 процентен и незасладен сок од брусница. Може да си направите и смуди од свежа или замрзната брусница.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: Уринарните инфекции се честа појава во летниот период.

*Спонзориран текст

Сподели: