Кога ќе се спомне крвен притисок, обично сите помислуваме на покачен крвен притисок. Може да се каже дека тоа е прилично нормално, со оглед на тоа што поголем е процентот на лица кои патат од хипертензија, споредено со хипотензија. Но, и едната и другата состојба, важно е да се пратат и штом се појават, треба да се преземат мерки за да се вратат во нормала. За таа цел, прочитајте кои намирници влијаат на крвниот притисок.
Може да ве интересира: 8 совети кои ќе ви помогнат при висок крвен притисок.

Сок од портокал
Благодарение на состојката хесперидин, која ја има во изобилство во неговиот состав, портокалот има способност да го снижи крвниот притисок.
Лук
Постојат огромен број на научни студии кои го покажувале дека лукот го снижува крвниот притисок. Благодарение на неговиот состав, тој влијае поволно на крвните садови и го намалува таложењето на масти во нив, со што ја подобрува циркулацијата и го регулира, односно намалува крвниот притисок.
Масни риби
Мастите од риба, влијаат на „разредување на крвта“ и ги обновуваат мастите во крвта, а тоа има позитивно влијание врз крвниот притисок, со што се намалува ризикот од мозочен и срцев удар. Најдобри извори се:
- Свежа туна
- Скуша
- Сардина
- Лосос
- Харинга.
Засладени напитоци
Газираните и останатите напитоци со шеќер го подигнуваат крвниот притисок. Ако имате проблем со низок притисок, овие напитоци може да ви користат.
Бобинкасто овошје
Антиоксидансите кои се среќаваат во бобинкастото овошје, како што се боровинките, малините, јагодите и рибизлите, го снижуваат крвниот притисок. Освен тоа, влијаат превентивно против појава на хипертензија. Научните истражувања покажуваат дека консумацијата на една порција боровинки неделно, го намалува ризикот од покачен крвен притисок за 10%.
Јаткасти плодови и зелен лиснат зеленчук
Заедничка и главна карактеристика на овие две групи намирници е високата количина на магнезиум. Овој минерал овозможува да се намали крвниот притисок на неколку начини. Прво, магнезиумот има смирувачки ефект врз нервниот систем, така да го намалува зголемениот притисок кој се јавува под дејство на стрес. Второ, доброто ниво на магнезиум во крвта помага за да се превенира и намали наталожувањето на калциум на крвните садови, а на овој начин помага во одржување на здрав крвен притисок, така што ги штити крвните садови од запушување, кое доведува до висок крвен притисок.
Ви препорачуваме да прочитате: 8 природни начини за покачување на низок крвен притисок.