6 намирници кои се спас од мамурлак 1

6 намирници кои се спас од мамурлак

Штом забавата заврши, се знае, од неа останало само едно нешто, а што друго ако не чувството на мамурност? Па, драги наши, ви споделуваме, како да се ослободите од непријатните симптоми на мамурлакот на природен начин. Се знае дека ова чувство не е ни малку погодно, а еве кои намирници може да бидат домашна помош која е спас од мамурлак.

Вода

Можеби и нема да ви се пие, но важно е да се натерате да пиете што повеќе вода. Доволниот внес на течности ќе спречи дехидрираност и надуеност.

Свеж овошен сок

Свеж сок од лимон или портокал може да ви помогне многу за да се чувствувате подобро. Но, за да ја вратите „бојата“ на лицето, напијте се сок од брусница или боровинка. Тие содржат витамини и антиоксиданси кои се борат против мамурлакот.

6 намирници кои се спас од мамурлак 2

Краставици

Бидејќи краставиците се полни со вода и многу освежителни, тие се одличен избор за борба против мамурлакот.

Банана

Бананите се богати со витамини, многу лесно заситуваат и ја враќаат енергијата. Доколку не сакате да мислите на појадокот, изедете банана.

Кафеав ориз

Оризот е едно од најдобрите јадења во ваква ситуација, а кафеавиот ориз е подобар избор бидејќи е богат со витамин Б.

Бадеми и ореви

Тие се полни со протеини и витамин Е. Кога не знаете што да јадете секогаш нека бидат ваш избор. Наместо мрсни и процесирани грицки, јадете бадеми и ореви.

Ви препорачуваме да прочитате: 7 совети кои ќе ви помогнат при мамурлак.

Сподели: