Иако пролетта важи за едно од најубавите годишни времиња, многумина од нас, не можат да уживаат во нејзиниот раскош, зелената трева и расцветаните цвеќиња. Па, бидејќи голем број на луѓе страдаат од пролетна алергија, малку поистражувавме и сега можеме да ви дадеме неколку корисни насоки.
А пред тоа, да спомнеме нешто околу симптомите. При пролетните алергии очите се насолзени или солзат без посебна причина, грлото е иритирано и обично од носот течи воден секрет. Па, ако страдате од сезонски алергии секоја пролет, прочитајте ги нашите совети поврзани со начинот на исхрана кои ќе ви помогнат полесно да се справите со симптомите кои ги чувствувате.

Јадете храна со виолетова боја
Виолетовата боја на храната, ја даваат антоцијаните кои имаат докажани антивоспалитени својства. Доколку страдате од алергии, во вашата исхрана вклучете повеќе цвекло, цреши, боровинки и црвено грозје.
Често консумирајте зелен зеленчук
Зелениот зеленчук како брокула, марулка, блитва, зелка и др., во својот состав содржат хесперитин и хесперидин, кои имаат антиканцерогено и антиинфламаторно дејство, влијаат за намалување на холестеролот и ги штитат крвните садови од оштетување, а исто така влијаат позитивно при алергии.
Консумирајте Spirulina Pacifica
Спирулината е производ со голема моќ на прочистување истиснувајќи ги токсините од нашето тело. Со внесувањето на Spirulina Pacifica во организмот, му помагате на повеќе начини, а еден од нив е преку нејзиното антиоксидантно дејство. Храната богата со антиоксиданси го спречува негативното влијание на слободните радикали во нашето тело. Антиоксидантите штитат од прерано стареење, појава на канцер, срцеви болести, помага при ревматоиден артритис и алергии, различни дегенеративи заболувања (Алцхајмер, Паркинсонова болест, мултиплекс склероза, церебрална парализа), па дури и при прекумерна тежина.
Spirulina pacifica ја има во сите поголеми аптеки во Македонија и тоа во пакувања со различни големини, од 100 таблети, 200 таблети и 400 таблети од 500 мг или во форма на прашок. Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс и да ги нарачате директно на ваша адреса или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.
Може да ве интересира: Spirulina pacifica – најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото!
Јаболката помагаат за намалување на симптомите од алергијата
Некои луѓе кои јадат многу јаболка имаат подобра функција на белите дробови и намален ризик за појава на заболувања на истите. Јаболката во својот состав содржат кверцетин кој позитивно влијае на крвниот притисок, го намалува ризикот од срцеви заболувања и штити од појава на канцер на простата, дебелото црево, јајниците, градите и желудникот. Оваа состојка исто така ја содржи и зелката, карфиолот, оревите, црниот, зелениот и белиот чај.
Пијте природни чаеви
Чаевите од камилица, нане, мајчина душица, ѓумбир и коприва помагаат за намалување на иритацијата на грло и ги ублажуваат симптомите на алергија. Покрај тоа, ладните облози од камилица ќе ја намалат отеченоста на очите и веднаш ќе го почувствувате пријатниот ефект.
Зачинете ја храна со кари
Карито во својот состав содржи куркумин, кој е моќен антиоксиданс и има антивоспалителни својства. Истражувањата покажале дека доколку дневно се внесува 1200 мг куркумин, има ист ефект како и антиинфламаторните лекови.
*Комерцијален текст
Ви препорачуваме да прочитате: Spirulina pacifica – микро алга и макро благодет.